Саат-кула (Прилеп)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Саат кула (Прилеп))

Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата[1]. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м[2]. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година[3]. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.

Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:[4]

Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..."

Познати по своето шегобијство, прилепчани саат-кулата често ја нарекуваат со името Прчикур, симболизирајќи машкост и исправеност[5].

Поради накривувањето на кулата, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување.[6][7]

Поглед кон Саат-Кулата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. Hakkı Acun, Makedonya, Manastır bölgesi (Manastır, Ohri, Pirlepe) saat kuleleri, Atatürk ve Manastır sempozyumu, Manastır, 12–13 Ekim, 1998
  3. Bildiriler, Ankara, 1999, 320–332; Ayverdi Ekrem Hakki, Avrupa’da Osmanlı Mimarı Eserleri. Yugoslavya, lll cild, 3. kitab, İstanbul, 1981
  4. „Кривата кула во Прилеп“. BBCMacedonian.com.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-03-30.
  6. „Започнаа работите за стабилизирање на кривата саат-кула“. Телевизија Телма.
  7. „BBCMacedonian.com“. www.bbc.co.uk. Посетено на 2018-08-09.

Координати: 41°20′45.15″N 21°33′18.10″E / 41.3458750° СГШ; 21.5550278° ИГД / 41.3458750; 21.5550278