Саат кула Јилдиз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саат кула Јилдиз
Yıldız Saat Kulesi
Yildiz Clock Tower 01.jpg
Општи податоци
ТипСаат кула
СтилОсманлиска Неоготика
МестоИстанбул, Турција
АдресаБешикташ,
Почната1889
Завршена1890
Технички податоци
Катови4

Саат кулата Јулдиз (турски: Yıldız Saat Kulesi) — саат кула која се наоѓа веднаш до дворот на џамија Јилдиз, во областа Бешикташ, Истанбул, Турција, на европската страна од Босфорот.

Кулата била изградена во времето на османлискиот султан Абдул Хамид II (1842-1918). Изградбата започнала во 1889 година, а истата завршила една година подоцна. Кулата е изградена во неоготски стил. Кулата се состои од три ката. На вториот кат има топломер и барометар, а на третиот се наоѓа часовникот. Часовникот за последен пат бил поправен во 1993 година.

Видете исто[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]