Саат-кула (Хонгконг)
Саат-кулата — знаменитост во Хонгконг. Се наоѓа на јужниот брег на Чим Ша Цуи, Коулун. Тој е единствениот остаток од оригиналното место на поранешната станица Коулун на железничката пруга Коулун-Кантон.
Изградена од црвени цигли и гранит, саат-кулата има висина од 44 метри, а на врвот има громобран со должина од 7 метри. До врвот на кулата може да се стигне со дрвени скали кои се наоѓаат внатре. Внатрешноста на саат-кулата претходно била отворена за посета, но моментално е затворена поради одржување. Саат-кулата се наоѓа во близина на пристаништето Викторија и во близина на западниот крај на патот Солсбери.
Кулата е прогласена за споменик во Хонгконг од 1990 година.
На 9 декември 2021 година, била обновена употребата на ѕвончињата на саат-кулата. Од тогаш ѕвоното ѕвони секој час од 8 часот наутро до полноќ. Времето е синхронизирано со интернет часовникот на опсерваторијата во Хонгконг.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Саат-кулата и нејзината околина, ок. 2010 година.
- Саат-кулата и соседната фонтана градина.
- Саат-кулата во 2013 година.
- Станицата Коулун и саат-кулата, 1914 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Tsim Sha Tsui Clock Tower celebrates centenary of its Bell“. info.gov.hk. Посетено на 2021-12-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Визуелна историја на саат-кулата Чим Ша Цуи Архивирано на 31 јануари 2020 г.
- Gwulo.com