СУ „Кузман Шапкарев“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Средно Земјоделско ОпштинскоУчилиште-„Кузман Шапкарев“
Место
Општина: Битола
Место: Битола
Основни информации
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал kuzmansapkarevbt.schools.edu.mk

Средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ се наоѓа во Битола, општина - Битола.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Почетоците на училиштет датираат уште од далечната 1908 година кога на ова место постоела станица за услужни дејности за турската војска.

Почетоците на Средното земјоделско образование во Битола[уреди | уреди извор]

Потребите и можностите преставувале мотив со одлука на турските власти во 1908 г.во близина на црквата Св.Недела да биде основана Сточарска станица со курсеви за ученици. Изборот на просторот за лоцирање на Сточарската станица бил целосно оправдан бидејќи земјиштето во близината на храмот Св.Недела претставувало граничен појас меѓу Пелагониската рамница и градот. Годината 1908 се зема како година за основање на училиштето бидејќи кадарот кој работел во т.н. Сточарска станица имал за задача да обучува млад кадар за заштита на сточниот фонд, за спречување на заразните болести кои ја напаѓале стоката (шапот, лигавката и др.). обуката се изведувала прво во Станицата, а потоа и во касарната . Битола и на своевиден начин била заштитена од турската војска.Нејзин патрон била Воената касарна од каде доаѓале стручни лица и држеле предавања. Следат Балканските војни во чиишто операции Станицата била срушена.

Обновувањето на Школувањето -1912[уреди | уреди извор]

До крајот на 1912 г. Новата српска власт ја обновила Станицата и ја претворила во Ниже земјоделско училиште-познато во Југозападниот регион на Македонија како училиште за обука на кадар и заштита на добитокот. Во Училиштето започнале да се одгледуваат и нови сорти на жита и растенија, да се негува пчеларството, да се обучува кадар за калемење на диви овошки итн.Новата зграда била поголема,земјишните површини проширени се засадувале дури и нови нагледни култури. Се набавил и крупен добиток, свињи и др.Српската власт започнала да се грижи за стоката. Воените операции не дозволувале да се одвива наставата бидејќи имало многу бомбрдирања. Со редовна настава Училиштето почнало во 1913 г. За потребите на истото, од 8 hа колку што имала станицата, со одлука на општината Битола стопанството се зголемило на 100ha површина. И по обновувањето Училиштето долго време не работело. Во време на првата светска војна во училиштето често биле стационирани воени единици (се менувале војски), муниција, топови. Нема документациа за работа на училиштето во времето од 1913г. до 1921г.

Период на повторно обновување -1921[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна се формирало Кралството СХС (Версајска Југославија) во чиј состав влегла и Вардарска Македонија,а со тоа и Битола. Веднаш по воспоставувањето на српската власт започнале подготовки за обновување на Нижото земјоделско училиште во Битола кое непрекинато работело до окупацијата во 1941 г.

Работа на училиштето од обновувањето до ослободувањето[уреди | уреди извор]

Со редовна настава обновеното Училиште почнало во 1921 г. во многу тешки услови. Во 1922 г. Училиштето се преселило во градот во адаптирана зграда со училници и спални за интернатско сместување за ученици од подалечни села и градови. По обновувањето Училиштето имало профил на Нижо земјоделско училиште со поледелско-сточарска насока. Училишната зграда во градот не можела во целост да одговори на овие барања.Со зголемување на бројот на ученици почнало да се размислува за градење нова училишна зграда. Со изградба на училишната зграда 1927/28 и со предходно предадената во употреба штала(18.6.1926 г) со шупа и цвеќарница се создал комплекс од згради кои во потполност биле решени простоните проблеми на училиштето. Во периодот до окупацијата Училиштето освен воспитно образовна дејост имало и пропагандна цел (големо српска пропаганда). За време на окупацијата Бугарите (продолжила пропагандата), го претвориле училиштето во Срдно земјоделско училиште со четири годишно образование. За време на војната не успеала да матурира ниту една генерација. Пролетта 1945 г. Средното земјоделско училиште отпочнува со настава на македонски јазик и работи континуирано до денес.[1]

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Од монографијата по повод 100 години Земјоделско училиште - Битола

Надворешни врски[уреди | уреди извор]