СУГС „8ми Септември“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СУГС „8ми Септември“

Место
Општина: Аеродром
Основни информации
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Портал 8septemvri-sk.mt.net.mk

Средно училиште на Град Скопје „8ми Септември“ — средно училиште во општина - Општина Аеродром[1].

Средното машинско училиште на град Скопје „8 септември“ под ова име егзистира од 2000 година кога со одлука на Владата на Република Македонија се споиле трите поранешни средни училишта ЕМУЦ „Никола Тесла“, МУ „Гоце Делчев“ и ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“.

ЕМУЦ „Никола Тесла“ е едно од најстарите средни училишта во Република Македонија и постои од раните педесетти години од минатиот век. Во него се образуваа ученици од електротехничката и машинската струка.

МУ „Гоце Делчев“ најпрво работи во состав на заводот за вработување каде што се прави прекфалификација и стручно оспособување на возрасни за машинска струка. Во седумдесеттите години прераснува во самостојно училиште, најпрво како „13 Ноември“, а потоа како „Гоце Делчев“.

ГМЦ „Чеде Филиповски - Даме“ е основано после катастрофалниот земјотрес во 1963 година со помош на УНЕСКО, за образование на кадри од градежната и машинската струка.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]