СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје
|
СУГС „Браќа Миладиновци“ | |
| Место | |
| Општина: | Кисела Вода |
| Место: | Скопје |
| Адреса: | Ул. „Бранко Заревски“ бр. 110 |
| Основни информации | |
| Основано: | 1964 |
| Директор: | Константин Василевски |
| Настава на: | македонски и албански |
| Контактни информации | |
| Портал | www.brakamiladinovci.mk |
| тел. | 02 2791 044 02 2794 967 |
| факс | +389 2 2794 967 |
СУГС „Браќа Миладиновци“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“) — средно училиште во Драчево, Општина Кисела Вода[1].
Основање и развој
[уреди | уреди извор]Училиштето е основано како Гимназија „Браќа Миладиновци” од Собранието на Општина Драчево на XIV-та заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на Работните заедници одржан на 01.06.1964 година. Дејноста на Гимназијата е верифицирана со акт бр. 11-139/1 од Секретарјатот за образование и наука- Скопје. Наставата во училиштето започна на 01.10.1964 година со 85 ученици распоредени во 3 паралелки. Потребите од средно образование во населбата Драчево доведе до постојано зголемување на бројот на ученици , а со тоа се зголеми и бројот на професорите и техничкиот персонал. Од учебната 1982/83 година во средното образование на СРМ се воведоа нови наставни планови и програми , односно започна реализацијата на концептот за средно насочено образование. Денес училиштето е верифицирано како Државно училиште за средно образование „Браќа Миладиновци” во кое се изучувани следните образовни профили:
Гимназиско образование
[уреди | уреди извор]Земјоделско-ветеринарна струка
[уреди | уреди извор]техничар за фармерско производство - техничар за хортикултура - лозарско – винарски техничар - ветеринарен техничар СУГС „Браќа Миладиновци“ брои вкупно 975 ученици распоредени во 35 паралелки. Од нив 14 паралелки припаѓаат на гимназиското образование,а 10 паралелки припааѓаат на ветеринарните техничари. Техничарите за фармерско производство се распоредени во седум паралелки. Три паралелки припаѓаат на техничарите за холтикултура, а од учебната 2005/06 за првпат во една паралелка ќе се запишат и лозаро-винарски техничари.
Учество на натпревари
[уреди | уреди извор]Освоени награди
[уреди | уреди извор]Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.