СТР2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

СТР2 (или Стриктно Тврди Рими) е рап група составена од Струја и Блажеј.[1] Тие се исто така членови на Легијата. СТР2 се појавија на рап сцената во 2001 година, и во тој период од нивното излегување работеа на нивниот албум Не Заборавај кој беше издаден во јули 2007 година.[2]

Струја и Блажеј се имаат покажано во многу правци од хип хоп културата, посебно Струја како текстопицес, ди-џеј и цртач на графити. По излегувањето на албумот, тие беа многу брзо и добро прифатени од публиката. Имаат гостувано на албумите на Џака Накот, Исток-Запад, потоа песни на компилацијата Шурикен итн. Како дел од Легијата, се појавуваат на албумот Лош ден за империјата. Песните се снимани во студиото на Таз, кај Аго, кај Марко – Зад Аголот и во поново време кај ди-џеј Гоце од Саф.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Малку муабети за рапот (интервју со Стр2)“. Хип Хоп Македонија. МТВ. 2008. Посетено на 28 февруари 2014.
  2. „СТР2 (Стриктно Тврди Рими) за љубителите на рап музиката и хип хоп културата“. Топ.мк. 3 октомври 2008. Посетено на 28 февруари 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]