СОУ „Таки Даскало“ - Битола

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Таки Даскало“
Поглед на гимназијата од улица „Борис Кидрич“
Поглед на гимназијата од улица „Борис Кидрич“
Место
Општина: Битола
Место: Битола
Адреса: ул. „Борис Кидрич“ бр. 37
Основни информации
Основање: 27 јануари, 1984
Директор: Владимир Трифуновски
Број на ученици: 1.830
Настава на: македонски
Контакт информации
веб www.takidaskalo.edu.mk/TakiDaskalo/index.php?lang=mk


Средното училиште Гимназија „Таки Даскало“ се наоѓа во Битола, Општина Битола.

Формирање и развој[уреди]

Средното општинско училиште „Таки Даскало” од Битола било основано на 1 септември 1984. Училиштето е формирано со одлука на Собранието на општина Битола бр. 08/425/1 од 27 јануари 1984, со трансформација-здружување на гимназијата „Браќа Миладиновци”- Битола и Училиштето за занимања на ученици во стопанството „Кочо Рацин” - Битола.

Здружувањето на двата субјекти било резултат на тогашните определби за средно насочено образование, односно за образование на кадри потребни за здружениот труд, при што се поаѓало од определбата дека дотогашното гимназиско образование е постатично и не ги дава очекуваните резултати. И двете воспитно-образовни организации претходнички на училиштето заземале значајно место во единствениот воспитно-образовен систем на поранешна СФРЈ.

Тогашниот центар за средно насочено образование, својата дејност ја започнал на 1 септември 1984, а со решение на собранието на општина Битола на 4 ноември 1985, го добил името „Таки Даскало”.

На почетокот на своето работење училиштето ги наследило следните видови на образование: рударска, автосообраќајна, градежна, текстилна, кожаро-гумарска струка и гимназиско образование. Со решение на Републичкиот комитет за образование и наука бр. 11-1058 од 22 мај 1985, добиена е верификација за образование на кадри.

Како последица на реорганизацијата на мрежата на средното образование од учебната 1993/1994, дошло до прегрупирање и намалување на образовните профили застапени во државата, а со тоа и во училиштето, при што биле застапени образовни профили за рударската, сообраќајната, текстилната и машинската струка (автомеханичари со тригодишно траење). Истата учебна година пак, во училиштето за прв пат се образовале ученици за образовните профили печатар (тригодишно траење) и графички техничар (четиригодишно траење) од графичката струка, а од учебната 1997/1998 повторно е застапено гимназиско образование (општа насока).

Со решение на Министерството за образование и наука бр. 11-4736/1 од 22 октомври 1996 одобрена е примената на програмската структура за средното образование, а од 1999 во стручното образование се реализира фаре програма, односно реформа во средното стручно образование, со што всушност започнало групирањето на струките и образовните профили во четиригодишното образование во 16 пилот училишта. Со проширувањето на програмата, (тогаш) ДСУ „Таки Даскало” било вклучено во фаре програмата со графичката струка за образовниот профил со четиригодишно траење - графички техничар.

Од учебната 1997/1998 во училиштето повторно се школувале кадри за гимназиско образование од општа насока, а од учебната 2001/2002 воведено е реформирано гимназиско образование.

Во текот на дваесетгодишното постоење во училиштето завршиле над 7.770 ученици, а вработени биле и се над 300 наставници. Секретарот Нада Костовска била првото лице вработено во тогашниот Центар.

Моментална состојба[уреди]

Во средното општинско училиште „Таки Даскало“ се школуваат 1.830 во чие школување се вклучени 106 наставници. Училиштето располага со 33 училници од кои 8 се стручни кабинети по определени предмети.

Струки[уреди]

СОУ „Таки Даскало“ е воедно гимназија и стопанско училиште, во кое се изучуваат четири стопански струки и три гимназиски насоки.

Стопански струки[уреди]

Во стопанското училиште се изучуваат четири насоки, и тоа:

Гимназиско образование[уреди]

Во гимназиското образование се изучуваат три насоки, и тоа:

Училишен простор[уреди]

Училиштето располага со два објекти изградени во 1948 година.

  • Блок A (3499 m²)
  • Блок Б (2183 m²)

Во составот на училиштето, во блокот Б постојат две фискултурни сали, кошаркарска и гимнастичка, кои не ги задоволуваат потребните димензионални и технички услови за реализирање на настава.

Освен тоа училиштето расплага со 1284 m² терени и игралишта, 1661 m² дворно место и 2133 m² зелени површини.

Учество на натпревари[уреди]

Освоени награди[уреди]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди]

Надворешни врски[уреди]