Прејди на содржината

СОУ „Ванчо Прке“ - Виница

Од Википедија — слободната енциклопедија

СОУ„Ванчо Прке“

Место
Општина: Виница
Место: Виница
Основни информации
Директор: Зоранчо Ангелов
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.souvancoprke.edu.mk

„Ванчо Прке“ — средно училиште во Виница, Општина Виница[1].

Основање и развој

[уреди | уреди извор]

Основата за постоење и функционирањето на училиштето е образовање и образување на млади кадри за нивно успешно вклопување во современото општество.Преку создавање на училишна клима во која ученикот ќе може успешно да се справи со предизвиците на новото време.

Појдовната точка на секоја воспитно-образовна институција е вербата во способностите на колегиумот ,сигурноста во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовниот процес.Образованието и воспитувањето на младите, денес е основен императив за секој наставник во СОУ,,Ванчо Прке“-Виница,а главниот примат е создавање на ученици коишто ќе бидат подготвени да одговорат на предизвиците на новото време.

Насочени сме кон подобрување на квалитетот на наставата, осовременувањето на материјално-техничките средства, подобрување на функционалноста на училишната зграда, сè со цел да обезбедиме здрава и позитивна средина за нашите ученици, да создадеме модерна воспитно-образовна институција со која ќе се гордеат уште многу генерации.

На 5 септември 1963 година официјално започнува со работа Гимназијата ,, Ванчо Прке ,, со 175 ученици. Гимназијата започнува со работа во новоизградена зграда, со 5 училници и два опремени кабинети, со настава организирана во 2 смени.Наставата ја реализирал наставнички колегиум од образован просветен када. Во понатамошното работење на Гимназијата, значајно место одбележува учебната 1974 / 75 година, кога во склоп на Гимназијата започнуваат со работа металско-машински паралелки. Тогаш училиштето се преименува од Гимназија ,, Ванчо Прке ,,, во Гимназија со металско-машински паралелки. Поради големиот интерес на учениците подоцна се верифицираат нови образовни профили во металско- машинската струка и тоа: машинобравари, заварувачи, монтери на централно греење, металостругари, водоинсталатери.

Во септември 1982 година, системот на средно образование во нашата земја доживува значајни промени. Така за првпат во училиштето, учениците од прва година започнале да ја следат наставата од заеднички образовни основи. Тогаш се воведува педгошка струка како дел од гимназиското образование.

Во учебната 1984 / 85 година стартува со работа уште една наставна програма од стручното образование – текстилната струка.

Следната,1985/86 година, Гимназијата со металско- машински паралелки, формално го променува називот во Училиште за средно образование ,, Ванчо Прке ,, ( УСО ,, Ванчо Прке ,, ).

Следните учебни години бележат значаен раст во однос на зголемувањето на бројот на учениците и паралеките. Паралелно со тоа се зголемува и бројот на вработените како во наставниот кадар, така и во административниот-техничкиот персонал. Постојаните стручни усовршувања на колективот добиваат во својот растеж, а истовремено растат и успесите и напредувањата на учениците во и надвор од училишната средина.Овие согледувања се поткрепени со фактот дека во контекст на училиштето активно работат повеќе секции,какви што се, музичката,хорот на училиштето,литературната дружина,рецитаторската секција,извидничкиот клуб,стрелачката секција, биолошката, историската, хемиската, географската ,спортскиот клуб и слично.Восхит заслужуваат учествата на учениците на организираните општински,регионални , државни и меѓународни натпревари. Достоинственото претставување на училиштето се остварува на локално ниво, но и пошироко. Од учебната 1997/98г., со објаснување дека се воведува нова мрежа на стручните училишта, Министерството за образование и наука не го стопира уписот на ученици во прва година во машинската струка. Последната генерација на ученици завршува 2000 г.Но, во 2009година е покрената повторна иницијатива за реактивирање на машинската струка која вроди со плод. Во учебната 2010/11г. со запишувањето на една паралелка со 30 ученика за профилот машински техничар,успешно е реактивирана машинската струка. Изминатите педесет години за училиштето значат комплетна и континуирана работа во наставниот процес,како на образовно,така и на воспитно ниво. Учениците, нивните успеси и постигнувања, се нашите најголеми репрезенти. Тие претставуваат огледало на половина век од постоењето на нашето СОУ,,Ванчо Прке``.

Визија на училиштето

[уреди | уреди извор]

Да создадеме од нашето училиште безбедна,современа и висококвалитетна образовна институција која ќе ги поттикнува и негува животните вештини,интегрирајќи ги еколошките вредности , ќе ги оспособи учениците кон практична примена на нивните знаења и нивно успешно интегрирање во практиката и во демократското општество.

Мисија на училиштето

[уреди | уреди извор]

Нашето училиште,отворено за секој ученик кој сака да ги развива поединечните способности и афинитети,училиште отворено за постигнување високи квалитети,создавање одговорност,позитивна работна клима и трајни човечки вредности.

Овозможуваме поединечен,професионален и емоционален развој на личноста,со истивремено вклучување во практиката со можност за креативна прилагодливост на предизвиците на новото време.

Зелено знаме

[уреди | уреди извор]

Четвртиот по ред ЕКО-САМИТ се одржа на 21.02.2013 година во Охрид во хотел „Белведере“ во организација на „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг“-ОХО и во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, а како дел од реализацијата на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

На овој самит официјално беа прогласени наградените еко-градинки и еко-училишта кои постигнале високи стандарди во имплементирањето на еколошки програми за едукација и управување со институциите во рамките на програмата „Како да се стане еко-училиште“ за учебната 2011/2012 година.По тој повод свечено беа доделени наградите Зелено знаме како највисоко достигнување на Програмата, како признанија за бронзено и сребрено ниво кои претставуваат меѓународен сертификат за исполнување на еко-стандарди во работата на училиштата.

СОУ„Ванчо Прке“-Виница го доби меѓународниот сертификат и зеленото знаме за извонредни достигнувања во едукацијата за одржлив развој и еколошки менаџмент и постојано подобрување на активностите од областа на заштитата на животната средина во училиштето и пошироката заедница.

Учество на натпревари

[уреди | уреди извор]
Ниво на натпреварот 2006/07ПредметОсвоено местоНаградени ученици и учеснициМентор
Државен натпревар по македонски јазикМакедонски јазик и литератураДеветто местоМарија Спасова од 2-5 кл.Славчо Лазаров
Државен рецитаторски натпреварМакедонски јазик и литератураТрето местоЉупчо Стоилов од 2-6 класАнета Алексова
Државен натпреварСоциологијаВторо местоЛилјана Пушова од втора год.Васка Лазарова
Државен натпреварГраѓанско образованиеВторо местоОливер Атанасов од 3 г.Македончо Георгиев
Државен натпреварИсторијаДесетто местоАлександра Ристовска од 3 г.Toni Давитковски
Државен натпреварАнглиски јазикВторо местоМитевска Моника од 2-6 клПавлова Емилија
Образовно рендевуИнтервју за работа на англиски јазикВторо местоМитевска Моника од 2-6 клПавлова Емилија и Манчевска Радмила
Ниво на натпреварот 2007/08ПредметОсвоено местоНаградени ученици и учеснициМентор
Меѓународен натпреварГермански јазикПрво местоТодорова Марија од 2 г.Сузана Бубинска
Државен натпревар „Млади истражувачи“Во областа на природните наукиПрво местоИлиева Марија 2 г. Јованова Елена 2 г.Сузана Трајкова
Државен натпревар „Млади истражувачиХемијаВторо местоМаринова Верица 2год Митрова Кристина 2 гСузана Трајкова
Државен натпревар „Млади истражувачи“Во областа на природните науки ИнформатикаПрво местоБубинска Марија од 2 г.Елизабета Стојилкова
Државен натпревар „Млади истражувачи“Во областа на природните науки БиологијаЧетврто местоПавлова Наташа и Трајанова Симона од 2 г.Елида Ангелова и Царка Парцанска
Државен натпреварГермански јазикТрето местоТодорова Марија од 2 г.Сузана Бубинска
Државен натпреварИсторијаЧетврто местоМарија СпасоваТони Давитковски
Државен натпреварМакедонски ј.(рецитал)Четврто местоМоника Петкова 3-1 кл.Славчо Лазаров
Државен натпреварСоциологијаЧетврто местоИва Цонева 2-1 Ивана Атанасова 3-1Јадранка Атанасовска
Државен натпреварСоциологијаЧетврто местоАлександра Ангелова 4-4Васка Лазарова
Регионален натпреварФизикаПрво местоБлагој НиколовЦвета Алексова
Регионален натпреварФизикаТрето местоЕлена ЈовановаСузана Николова
Регионален натпреварГерманскиПрво местоТодорова Марија и Маринова Верица од 2-ра г.Сузана Бубинска
Ниво на натпреварот 2008/09ПредметОсвоено местоНаградени ученици и учеснициМентор
Меѓународен натпревар за проза и поезијаГермански јазикПрво местоТодорова Марија од 3 г.Сузана Бубинска
Државен натпревар „Млади истражувачи“Во областа на природните наукиПрво местоМихаил Трајков - 1-1Митева Маре
Државен натпревар „Млади истражувачи“ХемијаТрето местоАндриана Ристова - 3-6Павлина Анастасова
Државен натпревар „Млади истражувачи“Во областа на природните наукиПрво местоПавлова Наташа - 3 година.Елида Ангелова
Државен натпревар „Млади истражувачи“БиологијаЧетврто местоТемелкова Зорица Ана Мари Чимева Елеонора Лазарова 1-5 кл. Ана Бојчевска1-5 кл.Царка Парцанска
Државен натпреварСоциологијаПрво местоИва Цонева 3-4Васка Лазарова
Државен натпреварСоциологијаВторо местоБлагица Трајчевска 2-7Јадранка Атанасовска
Регионален натпреварФизикаПрво местоБлагој НиколовЦвета Алексова
Регионален натпреварФизикаТрето местоЕлена ЈовановаСузана Николова
Регионален натпреварГерманскиПрво местоТодорова Марија Маринова Верица од 2-ра г. Сузана Бубинска
Ниво на натпреварот 2009/10ПредметОсвоено местоНаградени ученици и учеснициМентор
Државен натпревар „Млади истражувачи“ ГостиварВо областа на природните науки - Биологија1 местоЕлеонора Лазарова 2-5 кл.Елида Ангелова
Државен натпревар „Млади истражувачи“ ГостиварВо областа на природните науки - Биологија4 местоАна Мари Чимева 2-1 кл.Елида Ангелова
Државен натпревар „Млади истражувачи“ ГостиварВо областа на природните науки - Хемија4 местоМарија Ѓорѓиевска 3-5 кл.Павлина Анастасова
Државен натпревар КумановоСоциологија2 местоЈулија Лазарова 2-2Васка Лазарова
Државен натпревар КумановоСоциологија3 местоБлагица Трајчева 3-2 кл.Јадранка Атанасовска
Државен натпревар СкопјеФизика/Ивана Арсова и Даниела Гошева од 4-6 кл.Сузана Николова
Државен натпревар СкопјеАстрономија/Гоце Гаврилов и Александар Максимов од 3-4 кл.Цвета Алексова
Ниво на натпреварот 2010/11ПредметОсвоено местоНаградени ученици и учеснициМентор
Државен натпревар Против Пожарен Сојуз на Македонија 10.12.2010,Куманово.Слободни ученички активностиВторо местоЛазарова Љупка3-1 Митевска Моника 3-1 Александра Филипова 3-1Анета Алексова
Државен натпревар Мај,2011,СкопјеМакедонски јазик и литература/Шарлота Миланова 2-4Тања Анакиева-Давитковска
Државен натпревар 9 Март 2011, Скопје ПМФМатематика/Ангелина Анакиевска 2-5Душка Димитрова Манасиева
Државен натпревар,,Млади истражувачи``ВелесВо областа на природните науки -БиологијаПрво местоМихаил Трајков 3-1Венера Стојчева
Државен натпревар,,Млади истражувачи`` ВелесВо областа на природните науки -Биологија/Благој Алексов1-1Елида Ангелова
Државен натпревар,,Млади истражувачи`` ВелесВо областа на природните науки -Биологија/Дејан СтојмировЕлида Ангелова
Државен натпревар ,,Млади истражувачи``ВелесВо областа на природните науки –Хемија/

/

/

/

/

Лусинда Андоновска2-3

Катерина Крстевска 2-3 Љупка Лазарова 3-1 Ана Манчевска 3-1 Александра Филипова 3-1

Сузана Трајкова
Државен натпревар,,Млади истражувачи``ВелесВо областа на природните науки -ХемијаТрето местоАна Бојчевска 3-5Маре Митева
Државен натпреварАнглиски јазик/Маја Бојаџиска 2-1Емилија Павлова
Регионален натпревар РадовишГермански јазик/Кети Тодорова Катерина КрстевскаСузана Бубинска
Регионален натпревар РадовишМатематикаТрето местоАнгелина АнакиеваДушка Д.Манасиева
Регионален натпревар РадовишМатематика/Христо ТрајковскиТодорка Ефтимова
Регионален натпревар РадовишМатематика/Дијана Веселинова Моника МитевскаАнче Бојаџиска
Државен натпреварФизика(област астрономија)/Елизабета Стојчева Ивана РистоваСузана Николова

Освоени награди

[уреди | уреди извор]

Наставен план за Гимназиско образование

[уреди | уреди извор]

Од учебната 2001/2002 година во Република Македонија се применува нов Наставен план за гимназиското образование, којшто, како краткорочно решение, претрпе промени во 2003/2004 година.

Вкупниот годишен фонд на часови во гимназиското образование е следниот:

во I година 31 (33) часа;

во II година 33 (35) часа;

во III година 31-32 (33-34) часа;

во IV година 29 (31) часа.

Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти: задолжителни предмети, изборни предмети, задолжителни изборни програми и проектни активности.

Задолжителни предмети

Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност на учениците. Опфаќаат содржини од современото општо образование коишто во прва година се распоредени во 10 (11) наставни предмети, за постапно да се намалат во четврта година на 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години.

Изборни предмети

Изборните предмети се групирани во три изборни подрачја: природно-математичко, јазично-уметничко и општествено-хуманистичко подрачје. Ваквата глобална групираност донекаде соодветствува на групираноста на науките во високото образование, а претставува и прегледно групирање на програмските содржини врз основа на што ќе се определуваат учениците. Ученикот, од најмалку двете изборни подрачја што му ги нуди училиштето, се определува за едно во втора година, најдоцна до крајот на наставната година.

Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини. Изборните предмети се програмирани со по 2 и 3 часа неделен фонд од втора до четврта година. Во прва година не постојат изборни предмети. Тоа значи дека прва година е иста и заедничка за сите ученици во гимназиското образование.

Во втора година ученикот од списокот на изборни предмети (од најмалку три предложени од страна на училиштето предмети) избира еден предмет.

Бројот на часовите за изборните предмети постапно се зголемува од 2 во втора до 9 часа во четврта година.

Список на изборни предмети II година

1. Информатичка технологија 2 часа

2. Класични јазици (старогрчки или латински) 2 часа

3. Елементарна алгебра 2 часа

4. Елементарна геометрија 2 часа

4. Говорење и пишување 2 часа

5. Етика 2 часа

За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни предмети. Секое изборно подрачје содржи две комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмети се утврдени врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини. Со овие комбинации на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии. За секоја комбинација на изборни предмети, со посебни - изведбени наставни планови се дефинираат бројот, називот, распоредот и фондот на часовите на изборните предмети по години.

I. ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Список на изборни предмети III година IV година

1. Физика - 3 часа

2. Хемија - 3

3. Биологија - 3

4. Алгебра 3 часа -

5. Линеарна алгебра и аналитичка геометрија 3 -

6. Математичка анализа - 3

7. Програмски јазици 2 3

8. Географија 2 -

9. Латински јазик 2 -

Комбинација А

III година IV година

1. Физика - 3 часа

2. Линеарна алгебра и аналитичка геометрија 3 часа -

3. Алгебра 3 -

4. Програмски јазици - 3

5. Математичка анализа - 3

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Електро­технички, Градежен, Архитектонски, Машински и Природно-математички факултет (информатика, математика и физика.)

Комбинација Б

III година IV година

1. Физика - 3 часа

2. Хемија - 3

3. Биологија - 3

4. Програмски јазици 2 часа -

5. Географија 2 -

6. Латински јазик 2 -

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки и Природно-математички факултет (хемија, биологија, физика и географија).

II. ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Список на изборни предмети

Наставен план III година IV година

1. Трет странски јазик (италијански, шпански,

руски, француски, гемански, англиски) 3 часа 3 часа

2. Ликовна уметност 2 2

3. Класични јазици (старогрчки, латински) 2 2

4. Музичка уметност 2 2

5. Драмска уметност - 3

7. Компаративна книжевност - 2

8. Педагогија 2 -

9. Психологија - 2

Комбинација А

III година IV година

1. Трет странски јазик (италијански, шпански,

руски, француски, гемански, англиски) 3 часа 3 часа

2. Класични јазици (старогрчки, латински) 2 2

3. Педагогија 2 -

4. Психологија - 2

5. Компаративна книжевност - 2

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски и Филолошки факултет и на педагошките факултети.

Комбинација Б

III година IV година

1. Ликовна уметност 2 часа 2 часа

2. Музичка уметност 2 2

3. Драмска уметност - 3

4. Педагогија 2 -

5. Психологија - 2

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Факултетот за драмски уметности, Филозофски факултет, Факултетот за ликовна и за музичка уметност.

III. ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Список на изборни предмети III година IV година

1. Социологија 2 часа 3 часа

2. Филозофија - 2

3. Педагогија 2 -

4. Психологија - 2

5. Историја - 2

6. Економија - 3

7. Вовед во правото 2 -

8. Логика - 2

9. Латински јазик 2 -

10. Менаџмент - 2

11. Етика 2 -

Комбинација А

III година IV година

1. Економија - 3 часа

2. Вовед во правото 2 часа -

3. Менаџмент - 2

4. Логика - 2

5. Социологија 2 -

6. Историја - 2

7. Латински јазик 2 -

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Економски, Правен, Филозофски и Филолошки факултет.

Комбинација Б

III година IV година

1. Социологија 2 часа 3 часа

2. Филозофија - 2

3. Историја - 2

4. Психологија - 2

5. Педагогија 2 -

6. Етика 2 -

Оваа комбинација на изборни предмети им овозможува на завршените ученици поголеми шанси да се запишат на: Филозофски факултет и на педагошките факултети.

Терминот “задолжителни изборни програми " е задржан поради тоа што се содржи во Законот за средно образование. До промената на Законот за средно образование и до донесувањето на концептот за гимназиското образование под овој термин ќе ги подразбираме содржините од областа на спортот и уметноста.

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план чијашто функција е задоволување на поединечните интереси и желби на учениците во одделни области. Поради својата специфичност, тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (со по 70 часа) од I до IV година, по слободен избор на ученикот.

Познати личности кои предавале во ова училиште

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]