СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Васил Антевски - Дрен“

Место
Општина: Кисела Вода
Место: Скопје
Адреса: ул. „Вера Јоциќ“ бб
Основни информации
Директор: М-р Тања Јовановска
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.vasilantevskidren.edu.mk

„Васил Антевски - Дрен“ — средно училиште во Скопје, Општина Кисела Вода[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1923 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во економски техникум, а половина станало Средно економско училиште „Борис Кидрич“. Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и средното правно училиште, па од учебната 1964/65 година во склоп на училиштето постојат и паралелки од правна струка. Од 1993 година му е дадено името на народниот херој Васил Антевски - Дрен, а е сместено во модерна мошне убава училишна зграда која го замени стариот училиштен објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 година.[2]

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-06-24. Посетено на 2021-08-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]