СЕОУ „Гостивар“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
СЕОУ „Гостивар“
Место
Општина: Гостивар
Место: Гостивар
Основни информации
Контакт информации
Портал www.seougostivar.mk

Средното училиште "Чеде Филиповски" се наоѓа во Гостивар, општина - Гостивар. Во минатото се викало УСО „Чеде Филипоски” - Гостивар.


Историја и традиција на училиштето[уреди | уреди извор]

СЕОУ „Гостивар” - Гостивар е едно од најстарите училишта во Гостивар. Лоцирано е заедно со Гимназијата во населбата „Дутлок” во еден училишен двор и два училишна објекта. Додека Гимназијата е во новиот објект, СЕОУ „Гостивар” - Гостивар е во старата зграда, а од 2003 година е проширено со доградба на 6 училници, донација на И.О.М. а во 2011 год. со средства од општина Гостивар изграден е дополнителен објект со површина од околу 400 м2 со 6 нови училници. На тој начин обезбедени се основни просторни услови за капацитет над 1300 ученика.

Во непосредна близина на училиштето е големиот парк од кој извира зеленилото како предизвик за игра на децата и одмор за возрасните, реката Вардар и нејзиниот долг пат до Егејот, градскиот фудбалски стадион, Општинскиот суд, Медицинскиот центар. Во близина е и зградата на општината.

Училиштето постои од 1955 година со одлука на Околискиот народен одбор. Таа година оформена е една паралелка од прва година која што почнала да работи во рамките на Полната гимназија. Од 1956 година училиштето е верифицирано под името Економски техникум како посебна организација, а од 1957 година техникумот се одделува во посебно училиште. Во тој контекст од 1982/83 година според мрежата за насочено образование училиштето се трансформира во УСО а профилувало кадри од економска, правна и биротехничка струка.

Ова училиште многу значи и значело за Гостивар. Во него се школувале луѓе кои што подоцна биле потенцијал за градот и Р. Македонија. Може да се каже дека големиот економски, кадровски, политички, научен и друг потенцијал завршил во ова училиште или работел во него. Успешноста на постоењето и работата е одбележена со многу освоени награди и признаниjа. Своето половина вековно постоење училиштето го одбележа на 5 ноември 2005 на најдостоен начин. Тимот за развој на училиштето ја изготви програмата. Изготвена е Монографија на училиштето со цел на историјата да и се даде место во развојот, развојот да има динамика и перспектива.

Некогашното УСО „Чеде Филипоски” - Гостивар, пред некоја година го смени името и сега е СРЕДНО ЕКОНОМСКО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“. Факт е дека училиштето е едно од најатрактивните во градот што е резултатот на стручната екипираност на наставниот кадар и неговиот висок професионален однос кон работата. Вклучено е во повеќе проекти и остварува одлични резултати. Во тој контекст посебно место заслужуваат многубројните меѓународни и државни награди и признанија.

Наставата во СЕОУ „Гостивар” - Гостивар се одвива во две смени и на три наставни јазика и тоа: Македонски, Албански и Турски наставен јазик. Особено е значајно, што училиштето во развојот на наставата постојано инвестира. Инвестициите се од најразличен карактер. Особено значајно е инвестирањето преку подобрување на мотивираноста на учениците за учење. Во тој контекст може да се нагласи дека се врши избор и наградување на најдобрите ученици на крајот на учебната година. Критериумот и правилникот за наградување на учениците што го имаме изготвено, го применуваме по традиција секоја година. Наше е традицијата да има рефлексии. Со цел ефектот на мотивираноста да има поголема улога и место се наградуваат најдобрите наставници, најдобрите класови.

Во СЕОУ „Гостивар” - Гостивар застапени се образовните профили Економски техничар во I, II, III и IV год. на сите три наставни јазици, деловен секретар во I год. на македеонски и албански наставен јазик, техничар за трговија и маркетинг во I год. на македонски наставен јазик и во I,II,III и IV год. на албански наставен јазик и правен техничар во II, III и IV год. на македонски и албански наставен јазик.

Основен мотив и цел за воведување нови образовни профили е вклучувањето на училиштето во современите текови и промени на пазарот и науката. Резултатите во блиска иднина ќе бидат најдобриот индикатор.

Учество на натпревари и освоени награди Посебен белег училиштето им дава на натпреварите.Евидентен е интересот на учениците и наставниците за вклучување во нив. Исправени пред новите промени, со цел сегашноста да има нова иднина, училиштето активно е вклучено во многу натпревари. Суштината на ученикот и наставникот е преку натпреварите да истражуваат и да бидат дел од промените и дел од стварноста. Мотивираноста и инспиративноста кон новите предизвици ги дава очекувањата. Досегашната практика покажува дека натпреварите се идеална инвестиција во ученикот при што на училиштето му се возвраќа со големи резултати,а наградите се поттик за работа. СЕОУ,,Гостивар’’-Гостивар има учествувано во следниве натпревари : - НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР БИЗНИС ПЛАН 2011/12 год

Учествуваа следниве ученици:

Тимови Бизнис план Тим 1: 1. Мирослав Ѓорѓевиќ 2. Јасмина Михајлоска 3. Фросина Јаќимоска 4. Антонио Манасиевски АД „Green+Engineering“ Дизајнирање, проектирање, производство, изведба и одржување на алтернативни енергетски решенија Тим 2: 1. Вафире Муареми 2. Семина Рамадани 3. Виолета Попоска 4. Кристијан Димитриески „E-Games“ Софтверска програма – компјутерски игри Тим 3: 1. Ема Димитриеска 2. Деспина Ѓорѓиеска 3. Стефанија Лазарова 4. Дејан Дукоски ДОО „ЕКО Д – ДЕС КОМПАНИ“ Волуменско намалување на отпадот и рециклирање Тим 4: 1. Симона Андриеска 2. Катерина Аксоска 3. Мануела Танеска 4. Елена Андоновска „Петрол - Инженеринг“ Изградба на инфраструктурата на гасоводна мрежа, снабдување на домаќинствата и институциите со природен гас на регионот Скопје – Тетово - Гостивар Тим 5: 1. Ленче Гегоска 2. Томе Гегоски 3. Санида Тахири 4. Христина Анѓелкоска „КИНЕТИК“ Електрана за производство на електрична енергија Тим 6: 1. Јасна Исакоска 2. Јована Андоноска 3. Верица Јанкоска 4. Александра Јанаќиеска „Illusion“ Рачна изработка на накит Жири комисијата во состав: 1. Тони Ефремоски - директор 2. Даница Наумоска - професор 3. Гајур Сарач - професор

имаше „тешка“ задача од најдобрите да го избере најдобриот. Сепак едногласно одлучи дека најдобар бизнис план на училишниот натпревар е „КИНЕТИК“- Електрана за производство на електрична енергија од цврст отпад со тимот во состав:

ТИМ бр. 5 – „КИНЕТИК“ : 1. Ленче Гегоска 2. Томе Гегоски 3. Санида Тахири 4. Христина Анѓелкоска

Само да напоменеме дека минатата година тимот „ПРЕРОДБА“ во состав: 1. Симона Лазарова 2. Ивана Пепчек 3. Анита Бошкоска 4. Маја Ефтоска со нивниот бизнис план влезе во 10те најдобри бизнис планови во силна конкуренција од 50 бизнис планови доставени од средните училишта во Македонија. -СЕОУ ,,Гостивар’’-Гостивар беше домаќин на натпреварите организирани од МАССУМ.

    Учениците ќе се натпреваруваат во следните категории:

- Видео реклама - Најдобар маркетинг план - Интервју за работа(мак./алб.) - Јавно говорење(мак./алб.) - WEB страна - Постер - Најдобра фотографија

сдасдас

Учество на натпревари

asas

Организационо - структурна и кадровска подготвеност[уреди | уреди извор]

Интересот за запишување на ученици во нашето училиште во учебната 2010/2011 година е солиден. Сигурно е дека е резултат на:

  • општествено - економската преструктуираност на стопанството и новите економски текови и организација на трудот.
  • долгогодишната творечка и креативна работа со учениците и остварените резултати.
  • современиот воспитно - образовен пристап и однос кон работата и ученикот.

Врз основа на наведеното во I година се запишани вкупно 301 ученик, вкупниот број на запишани ученици од I до IV година е 1291 од кои на Македонски наставен јазик се 387 ученика, на Албански наставен јазик 778 ученика и на Турски наставен јазик 126 ученика. -Учениците се распределени во 47 паралелки и тоа:

  • На Македонски наставен јазик 16 паралелки;
  • На Албански наставен јазик 27 паралелки;
  • На Турски наставен јазик 4 паралелки.

Во наставата се вклучени професори по наставни јазици: 1. Македонски наставен јазик - Вкупно: 36 наставници од кои на 33 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште; 2. Албански наставен јазик - Вкупно: 57 наставници од кои на 54 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште; 3. Турски наставен јазик - Вкупно: 12 наставници од кои на 6 наставници СЕОУ”Гостивар” им е матично училиште или со други зборови вкупен ангажман на 105 наставник, од кои СЕОУ „Гостивар” им е матично училиште на 93 наставника.

Организационо - стручната поставеност на училиштето се манифестира преку работата на стручните органи во училиштето и тоа:


  • Наставнички совет;
  • Совет на година;
  • Совет на паралелка;
  • Стручни активи.
  • Наставнички совет

Наставничкиот совет е стручен орган и носител на воспитно- образовната работа во училиштето. Него го сочинуваат наставниците и стручните соработници. Својата активност ја реализира според изготвената програма за работа која што е составен дел на годишната програма за работа, а во одредени случаи и според укажувањата на надлежните органи и служби. Наставничкиот совет доменот на своите активности ги фокусира според Законот за средно образование, Статутот на училиштето и другите законски регулативи и правилници.

  • Одговорни: Директорот, Пом.Директорот, педагогошко- психолошката служба и наставниците.
  • Совет на година
 Советот на годината е стручен орган  во училиштето кој што го сочинуваат наставниците од годината во која што изведуваат настава и стручните соработници. Основна функција на советот на годината е координирање на работата на наставата во годината за која е конституиран, односно изготвување анализи, програми со цел да се подобри успехот и редовноста кај учениците, давање предлози, укажување на недостатоците во наставата.  

Во училиштето постојат 4 совети на годината и тоа:

  • Одговорни наставници:
Совет на I година : Сенад Халили  
Совет на II година : Анета Талеска-Манеска  
Совет на III година: Дритан Лимани  
Совет на IV година: Недрет Ибраими  
  • Совет на паралелка
Советот на паралелката го сочинуваат наставниците во паралелката што изведуваат настава и стручните соработници. Основна цел на овој совет е да ја организира,  реализира и координира  воспитно - образовната работа во паралелката.
  • Одговорни: Класните раководители на паралелката и наставниците.
Стручни активи  

Стручниот актив е стручен орган во училиштето а го сочинуваат наставниците од ист предмет или сродна група на предмети. Основна цел на активот е да води грижа за унапредување на воспитно - образовниот процес по предметите или подрачјата за кои постои, да разменува мислења, да дава предлози и укажувања, да бара начина за надминување на проблемите во наставата. Стручните активи ги вршат следниве задачи: 1. Утврдување критериуми и стандарди за работа 2. Усогласување на наставните планови

3. Размена на сугестии за реализација на наставните програми  

4. Донесување предлози за форми и методи на наставна работа

5. Избор учебници по кои ќе се реализира наставната програма  

6. Имплементација на одлуките донесени од Наставничкиот совет и Директорот на Училиштето Со стручниот актив раководи наставник, избран од активот кој се избира на Наставничкиот совет на почетокот на учебната година.

Во училиштето ќе работат следните активи: Стручен  актив: Предмети  од јазично подрачје        
* Одговорни наставници: Васфије Билали-Ејупи и Марија Билеска   
  Стручен актив: Предмети од математичко - економско  подрачје      
  • Одговорни: Абил Идризи , Радмила Златевска, Шезаир Карпузи.
  Предмети од општо - образовно подрачје  
  • Одговорни: Сафет Асани, Натали Манеска -

Активите слабо функционираат. Со цел оваа учебна година да биде со подобри резултати очекуваме најмалку еднаш во месецот да се состануваат активите, да прават пресек на работата, да даваат иницијативи и предлози со цел подобрување на воспитно – образовната работа.

  • Воннаставни активности
 Со цел продлабочување, дополнување и верификација на усвоените знаења и примена на истите во секојдневната практика како посебна форма се воннаставните активности. Воннаставните активности се начин ученикот да се навикне на самостојана и колективна  работа, да ги афирмира соствените творечки способности, самоувереноста и истрајноста во работата и можноста да истражува како и на усвоените знаења да им најде место во секојдневниот живот и кон истите да е критички расположен. Овие активности се можност за меѓусебно зближување и поврзување,  надминување на ситуации и конфликтни состојби, меѓусебен почит повеќе и поголема  меѓуетничка толеранција. Освен наведеното преку оваа форма се овозможува соработка, поврзување и комуникација со родителите, заедницата и локалната средина.              

Воннаставните активности ќе функционираат преку: 1. Слободните ученички активности ; 2. Проекти и проектни активности ; Проекти одобрени и поддржани од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Проекти на невладини, хуманитарни и добротворни организации Проектни активности и изготвување проектни скици. 3. Соработка со родителите, заедницата,социјалните партнери и локалната власт; 4. Организирање на Матурска вечер и ученички екскурзии . Слободни ученички активности Литературна, рецитаторска, новинарска и драмска секција

  а)  Литературната и рецитаторската секција. Основна цел на овие секции е развивање љубов и критички однос  кон литературата и литературното творештво, потикнување и афирмирање  на лично творештво кај ученикот, развивање чувстава кон себе и светот, облагородување на сопствената душа. Рецитаторската секција своето место ќе го има при одбележувања на значајни датуми на училиштето и градот. По тој повод учениците ќе имаат место преку своите настапи.   

Одговорни наставници: Татјана Карафиловска и Албина Муслиу.

  б) Драмската секција. Интересот за оваа секција од страна на учениците е голем. Досегашните резултати се најдобриот индикатор и нов поттик за работа. Во интерес на учениците и училиштето и оваа година е одбележување на денот на училиштето како и настапи пред јавноста во градот.   Одговорни наставници: Габриела Петроска, Фиснике Латифи-Хани и Јлдаз  Шаре.  
  в) Новинарската секција. Покрај информативноста, ја поттикнува истражувачката моќ кај учениците, слободното изразување на мислењето, ставовите и критичкиот однос околу младиот човек.  Учениците со своите  прилози ќе имаат место и во други јавни гласила во и надвор од нашиот град. Одговорните наставици: Лепа Јовческа, Јелдес Шаре и Шпреса Селими .                                    

Спортски активности Освен активности кои што се од програмски карактер а се манифестираат на часот по спорт и спортски активности, наставниците по предметот спорт и спортски активности и дел од учениците својата активност ќе ја манифестираат и преку учество во спортските активности. Имено во училиштето години наназад спортската активност е евидентна по потреба. Сепак резултатите од натпреварите се присатни. Во тој контекст оваа учебна година спортските активности ќе имаат свој организиран белег, особено колективните спортски активности како што се ракометот, кошарката, фудбалот и одбојката. Основна цел на овие активности е развивање на другарството кај младиот човек, развивање на чувството за морална одговорност, развивање на психофизичките особини и моторните активности кај учениците. Својата активност ќе ја манифестира преку учество во одбележување на јубилеи и празници во училиштето и надвор од него, како и со учество на натпревари од општински, регионален и државен карактер.

  • Одговорни наставници: Иван Спировски и Денис Алиу.

Грижа за здравјето и акции на солидарност

            Една од приоритетните задачи е  грижата за здравјето на учениците. Во тој контекст мора постојано да се подобруваат и одржуваат хигиенските услови, да се води поголема сматка за естетскиот изглед на училиштето и училишниот двор како и да се создаваат и развиваат културно - хигиенските навики кај учениците. За наведеното одговорноста ја имаат наставниците. Кон наведеното може да се нагласи дека ќе постојат конкретни активности:  - одбележување на Денот на дрвото/Денот на  еколошката акција на младите во Република Македонија - секојдневно средување и одржување на училишниот двор и училишните простории  - одговорност за непочитување на културно-хигиенските услови во училиштето.  Со цел вклучување во акциите за подобрување на животните услови во градот и околината учениците од училиштето ќе учествуваат во акциите за средување на градот и пошумување на околните места како и во одржување на паркот пред училиштето.  Според законската обврска ќе продолжат систематските прегледи со учениците и наставниците. Со цел превентивно делување врз младиот човек, правите насоки и укажувања за штетните ефекти и последици од употреба на дрога, алкохол и никотин, ученикот ќе биде навреме информиран. Сигурно е дека младиот човек како неискусна и неоформена личност, во години кои се критични за неговата возраст, не може трезвено да размисли за сопствените и општествените последици. Поради тоа е во состоја на разни предизвици и искушенија. Љубопитноста, ”другарствоото”, афирмација на личноста, несредените односи во семејството и.т.н во одредени моменти го наведуваат на дрога, алкохол или пушење. Со цел да не дојде до несакани последици училиштето има доста одговорна и голема задача. Во тој контекст битна е соработката помеѓу  педагогот, класниот раководител, предметните наставници, раководната структура, родителот ...                                                      

Во рамките на наведеното неопходна е координација и соработка со адекватни хуманитарни, здравствени и слични организации со цел ефектите да бидат поголеми. Последните години акциите на солидарност имаат евидентно место. Имено тргнувајќи од потребите за редовно снабдување на болниците со крв како и од хуманитарниот аспект за дарување на крв со цел да се спаси човеков живот, учениците од нашето училиште се меѓу најактивните во градот за што сведочат добиените Благодарници и освоените награди. Основна поента е младиот човек да биде подготвен да му помогне на човекот кога му е најтешко, а најтешко е кога животот на човекот му е на конец. Поради наведеното сите ученици без разлика на верска и етничка припадност, боја на кожа, пол и ред други елементи неопходно е акциите на Црвениот крст за доброволно дарување на крвта да ги сметаат за хуман и солидарен предизвик.

 Кон наведеното требе да се спомне дека не се исклучени и разни собирни акции од хуманитарно - здравствен карактер со основна цел превземање превентиви здравствени и заштитни мерки кај учениците.               

Во ова учебна година учениците од нашето училиште ќе учествувааат на натпревари и наградни конкурси организирани од Црвениот Крст, како и учество во трибини, панел дискусии, семинари и обуки. Одговорни наставници: Ѓере Ѓерасимоски, Сафет Асани и Гајур Сарач. 2. Проекти и проектни активности

         Препознатливост на училиштето е неговото вклучува  во проекти. Сигурно е дека проектите се идеален начин за:  1. Обезбедување на најразлични спонзорства и донации 2. Афирмација и рејтинг на училиштето 3. Истражување, креативност и афирмација на наставникот и ученикот.         Во тој контекст да потенцираме дека СЕОУ ” Гостивар” е вклучено во следните проекти:  Проекти одобрени и подржани од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. 
Центар за кариера – Подготовка за вработување и работа – УСАИД и Центар за стручно образование и обука; Одговорни: директорот Тони Ефремоски, наставници Елица Матеска, Шериф Мифтари, Татјана Карафиловска,  Абил Идризи, Влора Алиу-Далипи, Рада Илиевска, Гајур Сарач, и Јусуф Салиу. 
Имплементација на еколошката едукација во образовниот систем на Р.Македонија Одговорни: директорот Тони Ефремоски, педагогот Даниела Николовска и координатор Авни Халими. 
„Имплементација на конвенцијата за правата на детето во република Макецонија” –  Одговорни: психологот Блерита Мустафаи-Мазлами, наставници: Наташа Илиевска и Сафет Асани; 
„Безбедни училишта – хармонична средина” – Министерство за образование и наука и канцеларијата на ОБСЕ во Македонија; * * * О * Одговорни: раководството на училиштето, педагошко-психолошката служба класните раководители и предметните наставници; 
„Поттикинување на социјална инклузија и инклузивен пазар на труд” – Министерство за труд и социјална политика.  Одговорни наставници: Ѓере Ѓерасимоски и Шериф Мифтари; 
Вештини за вработување Одговорни наставници: Јованка Огњаноска, Анета Талеска-Манеска 
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието. УСАИД, Центар за човекови права и разрешување конфликти, Македонски центар за граѓанско образование. Одговорни: директорот Тони Ефремоски, пом.директор Шптим Елези, педагогот Даниела Николовска,  психологот Блерита Мустафаи-Мазлами, наставниците: Лилјана Стојановска, Наташа Илиевска, Букурије Гаши-Исеини, Резак Јакупи, Јасемин Кулаку, Гајур Сарач;  

Јавно говорење Одговорни наставници: Стојаноска Лилјана и Селими Шпреса Младинска организација(МАССУМ)

* Одговорни: Матеска Елица и Мифтари Шериф  Менторирање на роми 
  • Одговорни: Петроска Габриела и Огњаноска Јованка

Проект за Условен паричен надоместок – Одговорен: Блерита Мустафаи- Мазлами – психолог; Имплементација на содржини за иновации и претприемништво во курикулумот за средно образование во Република Македонија”

  Кон наведеното да нагласиме дека и оваа учебна година, училиштето ќе аплицира и во други проекти. - Организирање историски часови и маршеви 
  • Одговорен: Михајло Ѓиноски

Со цел поголемо секојдневно присаство во животот, изнаоѓање начини за разрешување на конфликтни ситуации и вклучување на младиот човек во сферите од општествено - економскиот и политичкиот живот неопходно е создавање услови за соработка со невладини, хуманитарни и добротворни организации. Младиот човек освен што требе да владее со знаење, неопходно е и негово овозможување истите да ги прошири, да им даде живот, да ги вкалкулира во секојдневната практика, да изнајде модуси за разрешување на одредени секојдневни ситуации како и сведување на ексцесните ситуации на минимум. Можност и клучевите кон вистинските решениа го нудат наведените организации. Досегашната практика покажува да наши ученици постојано партиципирааат со своето учество во реализација на проекти без разлика да ли се владини, невладини, хуманитарни и добротворни организации. И во оваа учебна година учениците ќе учествувааат во реализација на наведените проекти со тоа што од огранизаторите ќе бараме да го партиципирааат учеството на нашите ученици преку разни донации. Донациите ќе бидат наменети за осовременување на наставниот процес, т.е донирање - опрема на кабинетите со нагледни средства , набавка на компјутери, обезбедување награди за најдобите ученици од училиштето и друг училишен инвентар. Учеството во реализација на проекти од наведените организации ја наметнува потребата истите да имаат дозвола за работа во училиштата од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

  • Одговорни : Директорот, Пом.Директорот и Педагогот со соодветни наставници.
  • Проектни активности и изготвување проектни скици.
  • Обврска е наставниците на наставата да и дадат креативна и истражувачка улога. Токму поради тоа слободните часови во I, II, III и IV год. учениците ги користат за проектни активности кои што се водат според програмата на Бирото за развој на образованието. Од друга страна учениците ќе бидат ангажирани во изготивање на проектни скици, истите ќе се изложени во училница или холот на посебни паноа. Добрите проектни скици се чуваат и наградуваат. Координатори: Директорот, пом. Директорот, Педагогот и наставниците.

2. Соработка со родителите, заедницата, социјалните партнери и локалната власт. За да постојат поголеми ефекти во воспитно - образовниот процес неопходна е почеста и поголема комуникација со родителот. Родителот мора да знае како напредува неговото дете, како се однесува во училиштето, какви промени забележуваат наставниците… Од друга страна и класниот раководител, бидејќи е родител на ученикот во училиштето мора повеќе да е информиран за ученикот, неговата семејна состојба, условите за учење и ред други социјално - економски сегменти од животот. Координацијата помеѓу нив е можна преку индивидуални и организирани средби. • Индивидуалните по потреба ги свикува класниот раководител, педагогот Пом.Директорот или Директорот на училиштето. Истите можат да се организираат и по желба на родителот со цел - разговор кај класниот раководител, предметниот наставник, педагогот, психологот или раководниот кадар и изнаоѓање стимулативни мерка за поголеми ефекти во воспитно - образовната работа • Организираните средби познати како родителски ги свикува класниот раководител. Се одржуваат минимум по две во полугодието или најмалку четири во учебната година. На родителските средби родителите се запознаваат со актуелните состојби во класот и училиштето, проблемите што учениците ги имаат во наставата, се прават анализи на успехот, редовноста и дисциплината, се известува родителот за оценетоста на ученикот, редовноста, дисциплината, за превземените педагошките мерки…. Cе даваат одредени предлози и сугестии од родителите за подобрување на успехот, редовноста и дисциплината. Родителските средби се јавни, отворени и задолжителни, а во исклучителни случаеви можат да имаат и друг карактер. По потреба на истите може да присуствува Директорот, Пом. Директорот , педагогот, Одборот на родители и Советот на родители...

  • Организирање трибини во училиштетo.

Значајно место мора да има училиштето во поврзува со заедницата, локалната власт и другите стопански субјекти од непосредната околина. Основна цел е нивно непосредно вклучување во структурите на училиштето, непосредна соработка со учениците и вклучување во општествените текови. Од особено значење е барање социјален партнер преку кого ќе можат дел од воспитно – образовите активности да најдат пласман на пазарот на трудот. * Одговорни: Директорот, пом.директорот, класните раководители, наставниците а особено наставниците по економските предмети.

3. Организирање на ученички екскурзии и други активности  со парични средства на учениците  

Според правилникот за начинот на организација и реализација на екскурзии и други активности со парични средства на учениците, оваа учебна година предвидени се: 1. Со учениците од III година на македонски, албански и турски наставен јазик и предвидена е екскурзија со општ воспитно - образовен карактер. Екскурзијата се организира согласно наведениот правилник како и според упатството од Бирото за развој на образованието и укажувањата од Министерството за образование и наука и Градоначалникот на Општина Гостивар. 2. Согласно правилникот за начинот на организирање и реализирање на екскурзии во текот на учебната година ќе се организирааат и наставни екскурзии. Овие екскурзии се однесуваат на организирани посети на претпријатиа, саеми, банки, берзи, драмски претстави, посета на културно- историски и природно-географски места и друго кое произлегува од наставните програми по одредени предмети. За истите предметните наставници мора да приложат програма и истата да е составен дел на нивното планирање на наставата. 3. Матурската вечер училиштето ја организира во Гостивар или поблиската околина. 4. фотографирање на матурантите за табло и фотографирање на учениците по класови

  • Одговорни: Директорот, Пом.директорот, Класните раководители и предметните наставници.

Со цел поголем увид во организацијата на животот и работата на учениците, почитување на нивните права и обврски, во училиштето постои и функционира класната и училишната заедница, асоцијацијата на средношколците и младинска организација. Учениците мора да имаат форми на организационо дејствување. Преку нив се овозможува на најбрз и наједноставен начин разрешување на проблемите кај учениците како и можностите за почитување на личноста на ученикот, афирмирање на лидерските способности кај ученикот, активно вклучување на ученикот во сите текови од воспитно – образовната сфера. Сето тоа е механизам преку кој учениците на директен начин можат за проблемите присатни кај нив и во воспитно- образовниот процес да најдат најбезболни решенија и да ги решаваат на време, без големи последици по нив. Особено е значајно развивањето на меѓуетничката почит и доверба, меѓусебната соработка и барање алтернативни решенија за надминување на конфликтните состојби. Свој придонес во работата и во организационата поставеност на учениците имаат Класните раководители, Претседателите на класните заедници, Асоцијациата на средношколците и членовите на училишната организација.

  • Одговорни :Матеска Елица и Мифтари Шериф .

Организациската поставеност на училиштето е дадена со следниот органограм.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]