Рјурик Ростиславич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рјурик Ростиславич (умрел во 1215 год.) бил руски средновековен кнез.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рјурик бил син на смоленскиот кнез Ростислав Мстиславич (умрел во 1168 год.) и правнук на кнезот Владимир Мономах. Тој живеел бурен живот, постојано војувајќи против Половците и против другите руски кнезови, често придружуван од брат му, кнезот Давид Ростиславич Смоленски (умрел во 1198 год.). Во 1203 година, Рјурик стапил во сојуз со Половците и го разурнал Киев. Во 1173 година завладеал со киевскиот престол, а потоа неколку пати го губел и повторно го заземал (последен пат во 1205 година). За време на своето владеење го помагал развојот на книжевноста и на градителството. Неговата престолнина била во градот Белгород, на реката Ирпењ, во близината на Киев.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 62 и 67.