Руј

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Руј (растение))
Руј
Научна класификација врска=Шаблон:Taxonomy/Cotinus| e
Царство: Plantae
Кладус: Tracheophytes
Кладус: Angiospermae
Кладус: Eudicotidae
Кладус: Rosids
Ред: Sapindales
Семејсто: Anacardiaceae
Подсемејство: Anacardioideae
Род: Cotinus

.
Врсте
  • ?

Руј ( латински: Cotinus) е род на листопадни дрвенести растенија. Вклучува 2 современи вида, еден евроазиски () и еден северноамерикански (). Името на родот потекнува од грчкиот збор, кој во Теофраст е името на дивата маслинка [1].

Претходно, овој род на растенија бил класифициран во сроден род.

Опис[уреди | уреди извор]

Растенијата од овој род се животни форми на дрвја или грмушки до 7 (евроазиски руј) односно 12 (американски руј). Кореновиот систем е одлично развиен, така што обезбедува заштита од ерозија, делувајќи како арматура. Кората ја менува бојата од зелена во сива и кафеава со лушпи аналогни на стареењето. Младите ластари содржат големи леќи. Пупките се во црвеникава боја, спирално распоредени.[2] Листовите се цели, кружни, со рамен раб, долг 3–13 см, сместени се на дршките, спирално распоредени, а нерватурата е јасно видлива на задната страна од листовите. Бојата на лисјата во есен е црвена.[2] Цветовите се ситни, со големина до 3, петчлени, со жолтеникава боја, соберени во метличести цветови со големина до 30. Руј содржи пет чашести и пет крунести листенца. Во цветот има и стерилни цветови, со влакна на нивните цветни дршки (оттука и замаглениот изглед на цветот). Растенијата се еднодомни, понекогаш дводомни [1]. Плодот е сув, со ситна јатка која содржи едно семе а на која се задржуваат листовите од чашката. Плодот созрева во периодот од мај до јуни.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Ова растение на [[|домородно растение|домородно]] на подрачјето на Јужна Европа, како и во Централна и Западна Азија. Често е на отворени и потопли живеалишта. Најчесто може да се најде во листопадни шуми до 1.600 м.[2]

Расејување и размножување[уреди | уреди извор]

Се расејува со ветер и инсекти. Размножувањето се врши со семиња или со вегетативни делови од растението.

Одгледување[уреди | уреди извор]

Видовите од овој род, особено е евроазискиот руј, честопати се користени како украсни грмушки. Одгледани се голем број сорти, од кои некои се од хибридно потекло (се создадени со вкрстување на два вида руј).

Употреба[уреди | уреди извор]

Листовите на евроазискиот руј содржат околу 30% танин и се користеле како антисептик и астрингент [3]. Плодот е отровен, консумирањето доведува до дијареа и повраќање.[2] Од дрвото и листовите се добива боја за кожа, волна и свила [1]. Дрвото се користи во столарство.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јовановић Б. 1973. Род . У: Јосифовић М () Флора СР Србије . САНУ: Београд.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Rujevina (Cotinus coggygria)“. Plantea (хрватски). 13. 07. 2015. Посетено на 17. 08. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. Johnson T. 1999. CRC Ethnobotany Desk Reference. CRC Press. 978-0-8493-1187-1. (str. 708)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]