Прејди на содржината

Руски глад (1601–1603)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Москва 1601 на гравура од 19 век. век.

Руски глад (1601–1603) — раздобје на слаба жетва во Русија за време на смутното време. Неродните три години и гладот одзеле неколку стотици илјади животи.[1] Гладот можеби бил главниот катализатор за општествените немири за врем на смутното време и посредно придонел за падот на царот Борис Годунов, подемот на Лажниот Дмитриј и Востанието на Болотников.[2]

Последици

[уреди | уреди извор]

Иако обработливото земјиште во Русија било многу пространо, квалитетот на почвата бил слаб (дебелина до 8 см, со 1-4% хумус), методите на одгледување биле примитивни, а сезоната без мраз траела од средината на мај до крајот на септември, ретко повеќе од 120 дена. Зимскиот 'рж бил основна култура, со принос од најмногу 3 зрна по посеано зрно, половина од оној во Западна Европа во 15 век.[3] Зеленчукот што се одгледувал вклучувал зелка, краставици, грашок, репа и кромид, додека печурки, капини и лешници се собирале од шумите. Добитокот не можел да се храни во текот на зимата, па затоа месото се јадело ретко, рибата почесто, а медовината се пиела. Кокошките неселе само едно јајце неделно.[3] Земајќи ги предвид редовните плаќања кон државата и земјопоседникот, руските селани биле на работ на глад дури и во нивните плодни години.

Последователни неродни години

[уреди | уреди извор]

Според современиците, во неплодните години од 1601-1603 година се јадело сè: „трева, мртви животни, кучиња, кора од липа, кора од бука“. Многу гладни селани почнале да се занимаваат со разбојништво. Се појавил и канибализам, а потоа чумата ги погодила гладните.Изгладнетиот народ навалил во Москва: според некои хроники, само во Москва од глад умреле 120.000 луѓе (некои извори наведуваат дури 500.000 луѓе).[2] Во есента 1603 година. Војската го задушила селското востание во околината на Москва, што го предводел разбојникот Хлопко, а помали бунтови биле задушени низ цела Русија.[1]

Руското земјоделство во XVI-XVII век

[уреди | уреди извор]

Царот Борис Годунов се заинтересирал за сиромашните, а кога настапила лоша година и глад, наредил житото од државните житници да се дели бесплатно на гладните и презел големи јавни работи за да им помогне на оние на кои им е потребна помош.[4] Сепак, суеверните луѓе ширеле приказни дека гладот во Русија бил Божја казна за гревот на царот - необјаснетата смрт на царевичот Димитриј Иванович во 1591 година.[2]

Долготрајниот глад го фрлил народот во очај, па дури и довел до канибализам. Поради глад, масовно количество робови биле протерани од своите домови од страна на нивните господари. Овие маси образувале цели чети разбојници, дури и во близина на самата Москва, додека друг дел од нив избегале преку границата, во Украина, која била во немири и само чекала знак за упад. Овој долгоочекуван знак го дала личност со нејасно и непознато потекло, Лажниот Димитриј.[5]

  1. 1,0 1,1 The Cambridge history of Russia. Perrie, Maureen, 1946-, Lieven, D. C. B., Suny, Ronald Grigor. Cambridge: Cambridge University Press. 2006. стр. 281–282. ISBN 9780521812276. OCLC 77011698.CS1-одржување: друго (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Fajfrić, Željko (2008). Ruski carevi (1.. изд.). Sremska Mitrovica: Tabernakl. стр. 224. ISBN 9788685269172. OCLC 620935678.
  3. 3,0 3,1 The Cambridge history of Russia. Perrie, Maureen, 1946-, Lieven, D. C. B., Suny, Ronald Grigor. Cambridge: Cambridge University Press. 2006. стр. 287–288. ISBN 9780521812276. OCLC 77011698.CS1-одржување: друго (link)
  4. „Историја Русије (П. Миљуков) 5 — Викизворник, слободна библиотека“. sr.wikisource.org (српски). Посетено на 1. 5. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Историја Русије (А. Јелачић) — Викизворник, слободна библиотека“. sr.wikisource.org (српски). Посетено на 1. 5. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)