Руски вселенски сили
Вселенска војска на Русија | |
---|---|
![]() Голем амблем на Вселенската војска на Русија | |
Активна | 1992–1997, 2001–2011 1 август 2015 - активна |
Земја | ![]() |
Вид | вселенска сила |
Дел од | ![]() сили на Руската федерација (Воздушно-космические силы) |
Годишнини | 4 октомври |
Обележја | |
Знаме | |
Мал амблем | |
Среден амблем |
Руски вселенски сили (руски: Космические войска России) — воена гранка на Руските воздухопловни сили чија мисија е воздушно предупредување, обезбедување на воздушен суверенитет и заштита на Русија. Низ својата историја силите биле расформирани на неколкупати, за последен пат тоа да се случи во 2011 година, но потоа истите повторно биле вратени во функција во август 2015 година.
Според истражување од 2014 година, силите располагале со персонал од околу 150,000 луѓе. Нивен тековен командант е генерал-полковникот Александар Головко кој е на таа функција од самото враќање на силите во 2015 година. Персоналот на силите ја слави својата годишнина на 4 октомври, Денот на вселенските сили, кога во 1957 година бил лансиран првиот вештачки сателит во орбитата, рускиот Спутник 1.