Руска салата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руска салата
Оливье
Russian Olivier salad.jpg
Други имиња Оливие
Вид салата
Место на потекло Русија
Творец Лисјен Оливие
Главни состојки компир, зеленчуци, јајца, шунка, мајонез

Руска салата е вид на салата, која се подготвува од мајонез, варени компири, грашок, морков, кисели краставички, шунка, а некогаш и различни видови на колбаси или пилешко месо.

Оваа салата е позната во многу земји, иако не секогаш под истото име. Во Македонија е позната како „руска салата“, додека во Русија се нарекува „Оливие“ или „француска салата“ (име кое може да се однесува на друг вид салата). Во Франција е позната како „пиемонтска салата“ (но, место грашок содржи домати).

Во ваков вид, руската салата е една верзија на познатата салата на готвачот Лисјен Оливие, главен готвач во ресторанот „Ермитаж“, еден од најреномираните московски ресторани, кој во 1860 година за прв пат ја подготвил салатата. Во годините на глад кои следувале по Октомвриската револуција и граѓанската војна која следувала по неа, повеќето од основните состојки се заменети со подостапни и практично денес т.н. руска салата има многу малку заедничко со првичната рецепта, чиј оригинал и до денес е тајна.

Состојки[уреди | уреди извор]

Објава за состојките на сосот

Најраниот објавен рецепт на оваа салата е во рускиот магазин Наша храна (Наша пища), број 6, од 31 март 1894 година. Се вели дек оригиналниот рецепт содржел „могул сос“, налик на денешниот Вочестер сос,кој го роизведувале „Џон Бургес и синовите“[Note 1] (марката која ја користел Оливиер).[1] Некои подоцна објавени рецепти споменуваат соја сос наместо могул сос.[2]

Книгата Водич за основите на кулинарската уметност (Руководство к изучению основ кулинарного искусства), издадена во 1897 година од П. Александрова, објавен е рецептот на руска салата. Според овој рецепт, салатата содржела: месо од тетреб, рак, компири, краставица, зелена салата, пифтија, копар, маслинки и мајонез. Авторот вели дека оригиналниот рецепт содржел месо од тетреб.[2]

После Октомвриската револуција, состојките се изменети со поефтини: месото од тетреб било заменето со салама или пилешко месо, ракот со тврдо варени јајца, краставицата, маслинките и копарот со кислеи краставички и зелен грашок.

Денешна подготовка[уреди | уреди извор]

Денес верзијата на салатата содржи варени компири, кисели краставички, грашок, јајца, лук, колбас или варено месо, прелиени со мајонез. Оваа салата се сервира на секој официјален руски празник, особено на Нова година и зимските празници. Во Македонија наместо варено месо се става најчесто салама - шунка. Салатата е особено популарна во Иран, каде додаваат и пилешко месо. Поради француското влијание во шпанската кујна, оваа салата е позната и таму и содржи моркови, конзервирана риба туна, јајца, грашок, црвени печени пиперки, зелени маслинки, компири и мајонез.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Hicklin (1963) The Illustrated Hand-Book of North Wales: Being the 5th Ed. of Hemingway's Panorama with Revisions and Additions p.254 (advertisement)
  2. 2,0 2,1 "К вопросу о классическом "Оливье"" (2011-02-08) Livejournal (Russian)


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „Note“, но нема соодветна ознака <references group="Note"/>, или пак недостасува завршно </ref>.