Прејди на содржината

Руска револуција (1905)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руска револуција од 1905 година

Барикади
Датум 22 јануари 1905 – 16 јуни 1907
Место Руска Империја
Исход
Завојувани страни
Руско Царство Руска Империја
Поддржана од:
Револуционерите
Поддржани од:
Команданти и водачи
Жртви и загуби
  • 3,611 убиени или ранети[1]
  • 15,000 убиени[1]
  • 20,000 ранети[1]
  • 38,000 заробени[1]
  • 1 battleship surrendered to Romania
17,000 цивили биле убиени од револуционерите[2]

Руската револуција од 1905 година, позната и како Прва руска револуција, беше првиот голем народен бунт против апсолутизмот на царот Николај II и често се нарекува „генерална проба“ за револуцијата од 1917 година.

Таа избувна поради неколку тешки акумулирани проблеми. Руско-јапонска војна (1904–1905) заврши со срамен пораз, уништувајќи го престижот на режимот и на армијата. Во земјата веќе години владееше економска криза, работниците во фабриките живееја и работееја во нечовечки услови, а селаните останаа речиси без земја по укинувањето на кметството во 1861 година и продолжија да плаќаат тешки откупни исплати. Националните малцинства бараа автономија, а либералната интелигенција со децении сонуваше за устав и парламент.

Почеток на револуцијата

[уреди | уреди извор]

Сè експлодира на 9 јануари 1905 година (22 јануари по нов стил) во Санкт Петербург. Над 140.000 работници, предводени од свештеникот Георгиј Гапон, тргнаа мирно кон Зимскиот дворец за да му предадат петиција на царот со барања за подобри услови и политички слободи. Војската и полицијата отворија оган врз ненаоружаната толпа. Загинаа стотици луѓе, а овој ден влезе во историјата како Крвава недела. Тоа беше шок за целата земја и го уништи последниот остаток од вербата дека царот е „татко на народот“.

По Крвавата недела низ целата империја почнаа масовни штрајкови, селски бунтови и немири. Во јуни 1905 година избувна востание на оклопниот брод „Потемкин“ во Црното Море – прв пат дел од војската отворено се сврте против режимот. Летото и есента штрајковите стануваа сè поголеми, а во октомври 1905 година почна сеопштиот политички штрајк во кој учествуваа преку два милиони луѓе. Железниците запреа, немаше струја, весници, телеграф – целата земја беше парализирана. Во Санкт Петербург се формира првиот Совет на работнички депутати, а еден од неговите лидери беше младиот Лав Троцки.

Резултати

[уреди | уреди извор]

Под огромен притисок, царот Николај II на 17 октомври 1905 година објави Октомвриски манифест со кој ветуваше граѓански слободи, слобода на печатот и собранијата и создавање на законодавна Државна дума. Русија формално стана конституциона монархија. Дел од либералите се задоволија и се повлекоа од револуцијата.

Но радикалите продолжија. Во декември 1905 година во Москва избувна вооружено востание, најкрвавиот дел од револуцијата. Болшевиците и есерите подигаа барикади, особено во квартите Пресња, но по десетдневни борби востанието беше задушено со артилерија и верни гардиски единици.

До 1907 година власта со брутални казнени експедиции, погубувања и црносотни погроми конечно ја задуши револуцијата. Првата и Втората Државна дума беа брзо распуштени, а на 3 јуни 1907 година со државен удар се смени изборниот закон во полза на богатите слоеви. Така почна таканаречената „столипинска реакција“. Премиерот Петар Столипин спроведе аграрна реформа со која им дозволи на селаните да излегуваат од општината и да создаваат свои стопанства, но не го реши целосно прашањето за земјата.

Револуцијата од 1905 година не успеа да го собори царизмот, но покажа колку е ранлив и дека народот може да се организира и бори. Таа создаде Совети, политички штрајкови, улично борбено искуство и радикални партии што подоцна ќе ја доведат до победа револуцијата од 1917 година.

  1. 1 2 3 4 Clodfelter, M. (2017). Warfare and Armed Conflicts: A Statistical Encyclopedia of Casualty and Other Figures, 1492–2015. McFarland. стр. 340. ISBN 9781476625850.
  2. Borisyuk 2023, стр. 77.