Руска партија (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руска партија
κόμμα των Ναπαίων
ВодачАндреас Метаксас
Кицос Цавелас
Теодорос Колокотронис
Константин Канарис
Александрос Кумундурос
Основана1827 (1827)
Припоена конНационалистичка Партија
ШтабАтина
Идеологијапопулиџам[1]
централизација[1]
монархизам[1]
конзервативизам[1][2]
русофилија (дипломатски)[1]
Политичка положбадесно
ВераГрчка православна црква[1][2]
Политика на Грција
Политички партии
Избори

Руската партија (грчки: Ρωσικό Κομμα))[3] — една од првите грчки партии, која претставувала неформална групација на грчки политички водачи која била основаана во текот на Првата Грчка Република (1828-1831) и дејствувала во времето на кралот Отон. Партиите од тоа време биле именувани по една од трите Големи Сили кои заедно помагале во текот на Грчката војна за независност во Цариградскиот договор (1832). Трите ривалски сили, Русија, Обединетото Кралство и Франција се обединувале со цел да ја проверат моќта на другите две нации.

Руската Партија имала голема моќ, уживајќи привилегиран пристап до Православната Црква, државната администрација, воените водачи и пелопонеските политички семејства, но исто така била популарна со значителен дел кај обичните луѓе кои сакале силна централизирана влада да ја скрши моќта на грчките превознички магнати и остатокот од бизнис-класата што ја следела англиската партија.

Историја и партиски развој[уреди | уреди извор]

Руската партија била повеќе филозофски основана од другите две партии. Таа претставувала повеќе конзервативни елементи во грчкото општество и давала целосна поддршка на приматот на православната црква. Партијата добивала голема поддршка од цррквата и од неколку воени команданти; но нејзината најголема сила биле пелопонеските семејства, кои уживале привилегиран пристап до државната администација. Јоанис Каподистријас, кој служел како министер за надворешни работи во руската влада, беше избран за гувернер на новата независна грчка држава во 1827 година. Неговата поддршка беше од руските претставници во Грција и оние Грци кои сакаа поблиски односи со нивната сестра православна земја и ова групацијата беше првата модерна партија во Грција, наречена Руска партија. Во меѓувреме, владеењето на Каподистријците и обидите за централизација на владата отуѓиле голем број свои грчки водачи, од кои повеќето се родени во Грција и се бореле да ја ослободат Грција од отоманската контрола. Тие започнале да се формираат во соперничка француска и англиска партија. На крајот, ривалствата довеле до атентат на Каподистријас. По периодот на обновената граѓанска војна, кралот Отон бил избран од трите големи сили за крал на Грција во 1833 година. Во раниот период на монархијата, трите партии останале активни, иако Отон бил апсолутен монарх.

Кога Отон пристигнал во Грција, бил малолетен и затоа Регентскиот совет составен од тројца Баварци владеел во негово име. Шефот на Советот, Јозеф Лудвиг фон Амансперг бил баварски либерал и тој се сметал дека е непријателски настроен кон Руската партија.

Во 1833 година, водачите на Руската партија, вклучувајќи ги и Теодорос Колокотронис, неговиот син Јоанис и Кицос Цавелас, биле вмешани во заговор бранејќи го руското влијание за да го отстранат фон Арманспер и да му дозволат на Отон да владее без регент. Тие биле уапсени и затворени. Иако на крајот биле ослободени, водачите на Руската партија останале без моќ и влијание во споредба со другите партии до 1837 година.

По овој период на опаѓање, раководството било ставено на Колокотронис, Андреас Метаксас и Константинос Иконому. Помладиот Колокотронис служел како доверлив помошник на кралот Отон и почнал да ја рехабилитира Руската партија. Откако Отон бил ослободен од влијанието на неговите регенти, тој почнал да ги фаворизира и Колокотронис и Цавелас, а периодот 1838-1839 година се сметал за период на засилување на влијанието на партијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Petmezas, Socrates D. (2009). From privileged outcasts to power players: the 'Romantic' redefinition of the Hellenic nation in the mid-nineteenth century. The Making of Modern Greece. Ashgate. стр. 126.
  2. 2,0 2,1 Koliopoulos, John S.; Veremis, Thanos M. (2010). Modern Greece: A History since 1821. Wiley-Blackwell. стр. 30.
  3. Koliopoulos, John S.; Veremis, Thanos M. (2010). Modern Greece: A History since 1821. Wiley-Blackwell. стр. 35.