Руми маки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цивилизација на Инките


Руми Маки е воена вештина што ја користеле Инките. Оваа техника настанала како комбинација на воени елементи од Мичесите, Чавините, Тиахуанакосите и останати околни народи. Името на кечуански јазик значи „камена тупаница“

Видови системи[уреди | уреди извор]

Рими маки е поделена на пет системи:

  • Лама
  • Алпака
  • Викуња
  • Кондор
  • Сонце

Лама Руму Маки[уреди | уреди извор]

Системот се состои од гурања, блокови и сите напади се вршат само со рацете. Основа на нападот е тупаницата.

Алпака Руми Маки[уреди | уреди извор]

Овој систем е составен од одбрана и напад со стапала и колена. Исто така, натколеницата и потколеницата се користат за одбрана, покрај нападот.

Викуња Руми Маки[уреди | уреди извор]

Овој систем се заснова на грабнување на противникот и борба со раце.

Кондор Руми Маки[уреди | уреди извор]

Овој систем е фокусиран на скокови и напади со паѓање, како на пример техниката „летечки удари“.

Сонце Руми Маки[уреди | уреди извор]

Претходните четири системи се независни една од други, што не е случај со овој систем. Ситемов е комбинација на сите претходни системи и е највисоко ниво на оваа боречка вештина. Исто така, овој систем вклучува оружје, но и останати додадтни боречки техники.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

AUKA WASI - La Casa del Guerrero (in Spanish) Архивирано на 31 јануари 2011 г.