Ружди Ружди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ружди Ружди
Роден 14 април 1991
Глоджево, Бугарија
Познат параолимпиец
Занимање атлетика

Ружди Ружди (14 април 1991) е бугарски параолимпиец,[1] кој се натпреварува во дисциплините: фрлање копје, диск и ѓуле. На Летните параолимписки игри во Рио во 2016 година освоил златен медал во фрлање ѓуле при што поставил нов светски рекорд.

Животопис[уреди | уреди извор]

На 17 годишна возраст после тешка сообраќајна несреќа, Ружди останува инвалид. За време на рехабилитацијата, Ружди се запознава со Даниела Тодорова, параолимпијка, и нејзиниот брат и тренер Радослав Тодоров, кои го поттикнале да се занимава со спорт.[2]

Во текот на октомври 2015 г. Ружди Ружди освоил златен медал на Светското првенство за лесна атлетика за спортисти со инвалидност, во Доха, Катар. Во дисциплината фрлање на ѓуле, категорија F55, го освоил првото место со резултат од 11,81 метри, што во моментот бил нов рекорд.[3][4]

Во текот на јуни 2016 година, на европски натпревар за луѓе со инвалидитет во Италија, Ружди освоил златен медал за фрлање на диск во категоријата F56 со резултат 39,33 метри.[5] На истиот натпревар, Ружди освоил и втора европска титла со резултат од 12,04 метри во фрлање ѓуле. Со овој резултат го надминал дотогашниот светски рекорд, поставен од Чехот Мартин Немец (11,85 метри).[6]

На Параолимписките игри 2016 во Рио, Ружди освоил златен медал во фрлање на ѓуле во категоријата F55, со резултат подобар од претходниот светски рекорд - 12,33 метри. Во категоријата фрлање на диск F54/55/56, Ружди освојува шесто место, со резултат од 38,04 метри.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]