Рудолф II (војвода на Саксонија-Витенберг)
Рудолф II | |
---|---|
Изборен кнез на Саксонија | |
На престол | 1356–1370 |
Претходник | Рудолф I |
Наследник | Венцел I |
Роден(а) | ок. 1307 |
Починал(а) | 6 декември 1370 Витенберг |
Почивалиште | Палатската црква во Витенберг |
Сопруги | Елизабета Хесенска Елизабета Линдов-Рупин |
Деца | Беате Елизабета Албрехт |
Династија | Аскани |
Татко | Рудолф I |
Мајка | Бригита |
Рудолф II (германски: Rudolf II, роден во 1307 - починал на 6 декември 1370 во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија и изборен кнез од Саксонија во периодот од 1356 до 1370 година.
Рани години
[уреди | уреди извор]Рудолф бил син и наследник на војводата Рудолф I (починал во 1356) и на неговата прва сопруга Јута (Бригита) од Бранденбург, ќерка на маркгроф Отон V од Бранденбург.
Рудолф од својот татко многу рано добил дипломатски задачи. На 25 август 1346 година Рудолф учествувал во Битката кај Креси на страна на францускиот крал Филип VI Валоа и по смртта на бохемскиот крал Јан Луксембуршки (26 август 1346 година), ја презел командата на германските сили. Францускиот крал му подарил еден трн со крв од круната на Исус Христос. Оваа вредна реликва била ставена во изградената од татко му базилика во палатата Витенберг.
Управување
[уреди | уреди извор]За првпат Рудолл како изборен кнез на Саксонија се среќава во 1370 година, иако оваа право го имал уште од 1356 година. Непосредно пред неговата смрт тој ослепил речиси целосно и затоа е познат уште како „Рудолф Слепиот“.
По неговата смрт Рудолф II бидејќи немал деца, бил наследен од неговиот помал брат Венцел I.
Во февруари 2009 година бил откриен неговиот гроб при ископувањето на поранешниот францискански манастир во Витенберг. Рудолф бил погребан со оловниот свој меч во дрвен сандак до втората сопруга и неговата ќерка.[1].
Семејство
[уреди | уреди извор]Рудолф II се ожени во 1336 година за Елизабета († 1354), ќерка на Отон I Хесенски, и по вторпат за Елизабета († 15 ноември 1373), ќерка на грофот Улрих II Линдов-Рупин.
Од првиот брак тој имал две деца:
- Беате (починало по 1373 година)
- Елизабета (починало во 1353 година)
Од вториот брак имал едно дете:
- Албрехт (починало во 1371 година)
Литература
[уреди | уреди извор]- Paul Braun: Von der Wittenberger Stiftskirche, in: Blätter für Heimatgeschichte. Beilage der Wittenberger Zeitung, January 1929
- Georg Hirschfeld: Geschichte der Sächsisch-Askanischen Kurfürsten, Verlag Sittenfeld, Berlin, 1884
- Friedrich Israel: Das Wittenberger Universitätsarchiv. Seine Geschichte und seine Bestände, Gebauer-Schwetschke Verlag, Halle (Saale), 1913
- Heinrich Kühne: Die Askanier. Aus der Geschichte der sächsisch-askanischen Herzöge und Kurfürsten von Sachsen-Wittenberg, Drei-Kastanien-Verlag, Wittenberg, 1999, ISBN 3-933028-14-0
- Helga Wäß: Form und Wahrnehmung mitteldeutscher Gedächtnisskulptur im 14. Jahrhundert. Ein Beitrag zu mittelalterlichen Grabmonumenten, Epitaphen und Kuriosa in Sachsen, Sachsen-Anhalt, Thüringen, Nord-Hessen, Ost-Westfalen und Südniedersachsen, Edition Tenea, Berlin, 2006, ISBN 3-86504-159-0 (two volumes; also thesis, University of Göttingen, 2001)
- Katalog ausgewählter Objekte vom Hohen Mittelalter bis zum Anfang des 15. Jahrhunderts (zur Deckplatte der Doppeltumba Rudolfs II. und seiner Gemahlin Elisabeth, p. 603 - 607.
- Otto von Heinemann (1889), „Rudolf II.“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 29, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 555
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ RUDOLF II "der Jüngere" Herzog zu Sachsen in: Medlands Projects by Charles Crowley [retrieved 19 October 2014].
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Рудолф II (војвода на Саксонија-Витенберг)“ на Ризницата ? |
Рудолф II (војвода на Саксонија-Витенберг) Роден(а): ок. 1307 Починал(а): 6 декември 1370
| ||
Претходник Рудолф I |
Изборен кнез на Саксонија 1356–1370 |
Наследник Венцел I |