Прејди на содржината

Рудник „Опалит“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воздушен поглед на рудникот

Рудник „Опалит“ — рудник за опалски бречи, кој се наоѓа северно од кочанското село Спанчево. Терминот „опалит“ потекнува од опалските бречи во наоѓалиштето Спанчево.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Карта
Рудник „Опалит“

Рудникот се наоѓа северно од селото Спанчево, сместен на возвишението Црни Врв над селото. Истиот е поврзан со макадамски пат во должина од 2 километри од селото.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1960-тите години било основано претпријатие за експлоатација на опалските бречи кај селото Спанчево и нивно делумно микронизирање во селото Чешиново, кое било наречено „Опалит“. Името и ден денес е синоним за експлоатацијата на опалските бречи.[1]

Во нејзиното повеќедецениско постоење „Опалит“ - Чешиново достигнала свој голем развој, кој достигнувал и до 150.000 тони годишно производство опалски бречи со висок квалитет, којшто претставувал основна компонента во производството на цемент во фабриката „Усје“ во Скопје.[1]

Во 2000-тите години, рудникот работи со многу мал капацитет од околу 10.000 тони опалска бреча на годишно ниво.[1]

На крајот на 2023 година, цементарницата „Усје“ ги купило рудникот и мелницата во Чешиново и ги припоило кон друштвото.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Онишченко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1076. Text "series " ignored (help)
  2. „Нацрт-ОБНОВА-НА-Б-ИНТЕГРИРАНА-ЕКОЛОШКА-ДОЗВОЛА“ (PDF). Општина Чешиново-Облешево. 20 февруари 2021. Посетено на 7 јануари 2025.
  3. „Каков рудник си купи цеметарницата „Усје" за Нова година?“. Фактор Портал. Посетено на 2025-01-07.