Рудник „Бучим“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рудник Бучим)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рудник „Бучим“
Типдруштво со ограничена одговорност
Oснована1972
СедиштеМакедонија Радовиш, Македонија
Дејнострударство
Порталbucim.com.mk

Рудник „Бучим“ — единствен рудник за бакар во Македонија, кој се наоѓа во околината на градот Радовиш.

Рудникот е оддалечен 15 километри од најблискиот град Радовиш, 35 километри од Штип и 130 километри од главниот град Скопје. Рудникот Бучим е од отворен тип и произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато. Обработува преку 4,5 милиони тони руда годишно и произведува над 40.000 тони бакарен концентрат кој содржи бакар и злато.[се бара извор]

Со 650 директно вработени, рудникот е најголемиот локален работодавец во регионот.

Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата, приватна меѓународна групација за рударство и метали со седиште во Швајцарија. Главни области на експертиза се инвестирањето во индустриски проекти, рестартирање на производствени компании и развој на гринфилд проекти.

Период до 2005 година[уреди | уреди извор]

Површинскиот коп на рудникот во Бучим

До 1999 година рудникот беше во државна сопственост. За тоа време инвестирал и изградил сопствен дисконтен центар со ладилници, спортско-рекреативен центар Шампион со базени и ресторан, рударско одморалиште во Дојран, амбуланта, поседувал акционерски капитал во АД Голдмак - Радовиш и поситни удели во други реномирани македонски фирми и банки.

Од 1999-2003 година со рудникот управува фирмата „Семкорп“.

Идејата за рудникот Бучим започнала во далечната 1972 година[1] со одлуката да се изгради, а самиот рудникот започнал со експлоатација во 1979 година како рудник за бакар и злато од отворен тип.[2] Рудникот до 2000 година, работи како претпријатие во сопственост на државата, а потоа во рамките на приватна компанија, функционира сè до почетокот на 2003 година, кога таа компанија банкротира и производството е времено запрено. Новата ера за Бучим започна во почетокот на 2005 година, Солвеј Инвестмент Груп го презеде рудникот, победувајќи на меѓународниот тендер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Press, Istok. „„Боров Дол" за спокојна работа на „Бучим" до 2031 година | Istok Press“. Посетено на 2020-05-18.
  2. www.google.com https://www.komoraoai.mk/images/komora/presing/Presing_41_web.pdf&usg=AOvVaw0X9_FuTvL41X0lK_XNhYvE. Посетено на 2020-05-18. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]