Рударски басен Нор-Па де Кале
| светско наследство на УНЕСКО | |
|---|---|
Рударскиот басе Север-Па де Кале е област со голема разноликост на архитектурата и крајоликот. | |
| Место | Север-Па де Кале, Франција |
| Вклучува | 108 компоненти |
| Критериум | културно: (ii), (iv), (vi) |
| Навод | 1360 |
| Запис | 2012 (XXXVI заседание) |
| Површина | 3.943 хектари |
| Преоден појас | 18.904 хектари |
| Координати | 50°27′45″N 3°32′46″E / 50.46250°N 3.54611°E |
Рударски басен Север-Па де Кале (француски : Bassin minier du Nord-Pas-de-Calais) — име на светско наследство на УНЕСКО, кое се состои од предел во францускиот регион Север-Па де Кале, кој повеќе од три века, од крајот на 17-ти до средината на 20-ти век опстојувал и се обликувал од дејноста на вадење јаглен. Овој француски дел од северозападната европска линија се состои од 109 одделни компоненти во должина од 120 км (над 120.000 хектари): од рударски јами (најстарите од 1850 година) и подигната инфраструктура, како што се јаловини (од кои некои покриваат 90 хектари и надминуваат висина од 140 м, таканаречените „шешири“) и други, и инфраструктура за превоз на јаглен (пруги, канали и транспортери, заедно познати како кавалиери), железнички станици, работнички имоти и рударски села, вклучувајќи општински згради, училишта, верски згради, здравствени и општествени установи, простории на претпријатија, куќи на сопственици и управници и општинска зграда и конечно места на сеќавање на историјата на рударството во „Рударскиот басен“. Овие места сведочат за потрагата по модел на работнички град од средината на 19 век до 1960-тите и доловува значајно раздобје од индустриската историја на Европа. Тие ги документираат условите за живот на работниците и солидарноста на која тоа ѝ дало поттик. Поради оваа причина, „Рударскиот басен на Север-Па де Кале“ бил впишан на списокот на УНЕСКО на светско наследство во Европа во 2012 година.[1]
Особености
[уреди | уреди извор]
Светското наследство вклучува 109 индивидуални места (или делови) поделени на 13 делови што одговараат на поранешните територијални концесии на рударските претпријатија. Вкупно, има 353 вчудовидувачки објекти низ огромниот рударски крајолик:
Јамите ги вклучуваат сите површини и структури во областа на рударската јама и придружната подземна инфраструктура. Тие ги содржат сите главни фази од раздобјето на развој на рударските структури и технологија од 1850 година па наваму. Покрај тоа, четири јами се означени како „поважни места на сеќавање“: Гоел, Оањи, Аренберг и Левард, сегашниот „Историски рударски центар“.
Кулите се високи, спектакуларни и монументални, градби направени од метал или бетон, кои го подржуваат уредот на дигалката пред рудникот, за рударите и рудата.
Купиштата згура се купишта шут отстранети од јагленот по обработката. Некои се со многу значителни големини, како што се двете купишта бр. 11 и 19, кои покриваат повеќе од 90 хектари и се високи повеќе од 140 метри.
Инфраструктурата за транспорт на јаглен (cavaliers) е сложена мрежа од железници и водни патишта за транспорт и ракување со рударски материјали. Тие помогнале во обликувањето на крајоликот на јагленовите полиња, со железнички станици како средишта на рударските градови и рударски езера настанати од слегнувањето на рудата. Покрај овие, постојат и индивидуални структури како што се станицата Оши-ле-Мин, сигналната рамка кај Шабо-Латур и силосите.
Местата на социо-економскиот живот на рудниците се престижните големи канцеларии („палати“) на компаниите, просториите за состаноци и настани и градските сали кои служеле како домови на синдикатите и работничките задруги. Тие одразуваат типична општинска (édilitaire) архитектура.
Становите на работодавците и вишите раководители, управителите и инженерите се наоѓале во непосредна близина на рудниците, додека сопствениците и управителите на компаниите имале резиденции или дворци со затворени паркови, малку подалеку од рудниците и поблиску до градските средишта.
Станбените поседи (населби) се групи на работнички станови во рударска област, обично со слични тулени фасади, распоредени во ред и симетрично по прави поплочени улици. Тие биле создадени во текот на 19 век од грижа за условите за живот на работниците, но и од желбата да се контролира популацијата на малолетници потребни за работа во рудниците, кои инаку биле привлечени од поголемите градови; што е исто така уште еден доказ за урбаните и општествени преобразби предизвикани од индустријализацијата. Нивниот дизајн е место на судир помеѓу различните струи на општествената мисла и новата утописка идеологија на 19 век. Под влијание на архитекти и инженери, тие претрпеле многу варијации и се развиле низ историјата на рударството. Тие се широко распространети во рударскиот регион Север-Па де Кале (скоро 600 од нив), а заштитените се избрани преку строга селекција врз основа на нивното значење, интегритет и автентичност.
Училиштата, стручните центри, училиштата за девојки и домаќинки итн., ги надополнуваат општествените одредби на работничките населби, како што е потребата од посебна обука во областа на рударството и управувањето, како и семејното образование. Првично католичките училишта постепено станале јавни школски установо во текот на 20 век.
Верските градби биле изградени како места за богослужба од страна на многу компании за да се промовира верската практика и доброто морално однесување со цел да се има надзор над општествените обичаи на рударите и нивните семејства. Монументалните симболи на духовното, како и моралното воздигнување честопати биле градени од познати архитекти. Тие, исто така, довеле до дехристијанизација на некои рудари и подем на социјалистичките и марксистичките идеи (Front populaire).
Здравствените установи се едно од најважните наследства на рударството. Создавањето на хуманитарни општествени фондови од почетокот на 19 век ги поставило темелите за социјална заштита на работниците, што довело до отворање на многу болници, клиники, аптеки, родилишта итн.
Општествени, културни и спортски објекти се сите оние што се поврзани со развојот на културните (музички училишта и сали) и спортските активности (гимнастика, фудбал) во рамките на социјалната политика на компанијата.
Спомениците и местата на сеќавање се споменици и места на одбележување на националната историја на рударството, која била обележана со многу драматични настани, како што е катастрофата во Куриер во 1906 година, во која загинале речиси 1.100 луѓе.
- Неколку ридови згура, таканаречени „шешири“, Север-Па де Кале
- Неколку кули од рударските јами на Север-Па де Кале
- Неколку видови рударски куќи во Север-Па де Кале од раздобјето пред национализацијата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sites in Iran, Malaysia, Canada, Slovenia, Spain, Germany, Portugal and France on UNESCO’s World Heritage List 30. lipnja 2012. (англиски) Preuzeto 2. kolovoza 2012.