Рувума (регион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположба на регионот Рувума

Рувума (свахили: Ruvuma) е регион во Танзанија. Го носи името на реката Рувума, која претставува природна граница со Мозамбик. Рувума се граничи со регионите Морогоро на север, Линди на североисток, Мтвара на исток и Иринга на северозапад. Во регионот живеат разни племиња, меѓу кои позначајно е племето Мпото. Административен центар е градот Сонгеа.

Според пописот од 2002, населението на Рувума брои 1.117.166 жители[1].

Регионалниот комесар на Рувума е Моника Мбега[2]

Вилаети[уреди | уреди извор]

Регионот се делин на 5 вилаети: Тундуру, Мбинга, Намтумбо, Сонгеа Град и Рурална Сонгеа.

Наводи[уреди | уреди извор]



Координати: 11°00′S 36°00′E / 11.000° ЈГШ; 36.000° ИГД / -11.000; 36.000