Руби Гентри (филм од 1952)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Руби Гентри (англиски: Ruby Gentry) - американски филм од 1952 година, во режија на Кинг Видор, според сценариото на Силвија Ричардс, засновано врз расказот на Артур Фиц-Ричард. Главните улоги ги играат: Џенифер Џонс, Чарлтон Хестон, Карл Малден, Том Тали, Џејмс Андерсон и Бернард Филипс. Филмот е одлична мелодрама во која режисерот ја обработува несреќната судбина на една посебна девојка во патријархална и малограѓанска средина во која положбата на поединецот зависи од класата и потеклото.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Д-р Саул Манфред (го игра Филипс) се присетува на бурниот живот на убавицата од американскиот Југ, Руби Кори, подоцна позната како Руби Гентри (ја игра Џонс). Родена и порасната во скромно семејство, Руби е лудо вљубена во згодниот Боук Текман (го игра Хестон), момче со сосема различен општествен статус. Тој не е рамнодушен кон Руби, но како потомок на богато и влијателно семејство, сака да се ожени со девојка од својот општествен круг. Откако ќе му умре сопругата, богатиот Џим Гентри (го игра Малден) ја бара Руби за жена и таа ја прифаќа понудата. Но, нивниот брак предизвикува бројни озборувања и набргу, сите пријатели го напуштаат Џим. Еден ден, Џим случајно паѓа од бродот и потонува во морето, а за неговата смрт е обвинета Руби, која е единствениот сведок на настанот...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]