Рој Oрбисон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рој Келтон Орбисон (23 април 1936 - 6 декември 1988) бил познат американски пејач-текстописец и музичар, добро познат по неговиот карактеристичен, моќен глас, по неговите сложени композиции и мрачни и чувствителни балади. Орбисон израснал во Тексас и започнал со пеење во рокабили / кантри и вестерн бенд во гимназија се дури да потпише со Сан Рекордс од Мемфис. Најголем успех постигнал со Монјумент Рекордс, од раните да се до доцните 1960- ти години, кога 22 негови песни биле ставени во Топ 40 на Билборд, вклучувајќи ги: „Only the lonely“, „Crying“, „In dreams“ и „Oh, pretty woman“. Неговата кариера стагнирала во текот на 1970- тите, но неколку обработки на негови песни и употребата на една во филм на Дејвид Линч ја оживеале неговата кариера во 1980- тите. Во 1988 година, тој и се придружил на супер групата Traveling Wilburys со Џорџ Харисон, Боб Дилан, Том Пети и Џеф Лин, а објавил и нов соло албум. Починал од срцев напад во Декември истата година, на врвот од неговата популарност. Неговиот живот бил уништен од тргедија, вклучувајќи ја и смртта на неговата прва жена и на неговите два сина во различни несреќи. Орбисон бил природен баритон, но музичките стручњаци сметале дека тој имал три-октавен или четири-октавен дијапазон. Комбинацијата на моќниот и страствен глас, и сложените музички договори, ги навела многу критичари да ја опишуваат неговата музика како оперска, давајќи му го прекарот „Карузо на Рокот“. Неспоредливите музичари како Елвис Присли и Боно изјавиле дека неговиот глас бил најизвонредниот и најкарактеристичниот, кој што некогаш го чуле. Додека повеќето мажи во рокенролот во 50- тите и 60- тите прикажувале провокативна машкост, многу од песните на Орбисон, напротив пренесувале тивка, очајна ранливост. Тој бил познат по тоа што додека пеел стоел мирно и осамено, носел црна облека и темни очила за сонце кои што давале мистериозен изглед на неговата личност. Орбисон бил примен во втората каласа на Холот на Славните во Рокенролот во 1987 од долгогодишниот обожавател Брус Спрингстин. Истата година бил примен во Холот на Славните Композитори во Нешвил. Роулинг Стоун го поставил на Орбисон на 37- то место во нивната листа на Најуспешни изведувачи на сите времиња. Во 2002 година, списанието Билборд го постаило Орбисон на 74- то место во Топ 600 изведувачи. Роулинг Стоун го поставил Орбисон на 13- то место во нивната листа на 100 Најуспешни пејачи на сите времиња во 2008.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рој Орбисон е роден во Вернон, Тексас, како среден син на Орби Ли Орбисон – бушач на извори на нафта и автомеханичар и Надин Шулц - медицинска сестра. Двајцата родители на Орбисон биле невработени за време на Големата Криза, па така неговото семејство се преселило во Форт Ворт на неколку години за да пронајде работа, се додека стравот од полио не ги навел да се вратат во Вернон. Потоа за повторно за да најдат работа, семејството се преселило во градот Винк во Западен Тексас. Орбисон ги опишал главните нешта во неговиот живот во Винк како: „Фудбал, нафтени полиња, маст и песок“, а во подоцнежните години почувствувал олеснување за тоа што успеал да го напушти опустошениот град. Сите деца на Орбисон имале слаб вид. Рој користел тенки, корективни леќи уште од рана возраст. Напад на заразна жолтица како дете му го дала бледожолтеникавиот тен, а неговите уши забележливо стрчеле. Орбисон не бил особено задоволен неговиот надворешен изглед, тој уште кога бил млад почнал да ја фарба црна, неговата речиси бела коса. Тој бил тивок и скромен, неверојатно учтив и услужлив, производ на неговото Јужно воспитување, пишува биографот Ален Клејсон. Меѓутоа, Орбисон не се двоумел за пеење, а често станувал центар на внимание кога пеел. Тој сметал дека е неговиот глас, ако не одличен, барем за паметење. На неговиот шести роденден, татко му му подарил гитара. Орбисон подоцна се присетил дека, додека да наполнил седум години, „Јас бев спремен за се друго“, музиката ќе биде неговиот живот. Најголемо влијание во младоста му извршила кантри музиката. Особено бил трогнат од начинот на кој што Лефти Фрицел ги пеел слеано музичките ноти. Уживал и во Хенк Вилијамс и Џими Роџерс. Еден од првите музичари кои што ги слушнал во живо бил Ернест Таб, додека свирел на шлепер-платформа во Форт Ворт. Меѓутоа, во Западен Тексас, бил изложен на различни музички видови: „сепија“ – еуфемизам за она што станало познато како „ритам и блуз“ (R&B), Тексашко-Мексиканска музика (Tex-Mex), оркестарска од Мантовани и Зидеко. Омилената песна од Зидеко „Joli Blon“ била една од првите песни која што Орбисон ја испеал во јавност. На осумгодишна возраст, Орбисон почнал да се појавува во локалните радио емисии. До доцните 1940 години, тој станал водител. Кога бил гимназијалец, Орбисон со некои пријатели го формирале Винк Вестернерс, неофицијален бенд кој што свирел обични кантри и песни од Глен Милер. Кога им биле понудени 400 долари за да свират на игранка, Орбисон сфатил дека тој може да заработува од музиката. Откако завршил гимназија, тој се запишал на Државниот Колеџ во Северен Тексас, планирајќи де си ја осигура работата во нафтените полиља доколку музиката не се исплаќа. Тој формирал друг бенд наречен Тин Кингс и пеел навечер, додека пак, преку ден работел на нафтените полиња и студирал. Орбисон видел како неговиот сокласник Пет Буни успеал да потпише за плоча, со што ја зацврстил повеќе одлуката да стане професионален музичар. Додека неговите оценки по геологија опаѓале, тој се префрлил на Двегодишниот колеџ Одеса размислувајќи да стане учител. Додека живеел во Одеса, Орбисон се возел 355 милји (571 км) до Далас за да го види на сцена на Елвис Присли, тогашна ѕвезда во успон во јужните држави. Џони Кеш имал турнеја во таа област во 1955 година, свирејќи на истата локална радио емисија како и Тин Кингс предложил Орбисон да му се приближи на Сем Филипс во Сан Рекордс, дом на рокабили ѕвездите, вклучувајќи ги Присли, Карл Перкинс, Џери Ли Луис и Кеш. При нивниот разговор, Филипс остро му рекол на Орбисон: „Џони Кеш не управува со мојата дискографска компанија!“ , но го убедиле да ја слушне плочата на Тин Кингс под името „Ooby Dooby“, песна компонирана во куќата на братството во Северен Тексас. Филипс бил воодушевен и им понудил договор на Тин Кингс во 1956 година.

Сан Рекордс и Акаф-Роуз: 1957-1959[уреди | уреди извор]

Тин Кингс заминале за Мемфис, и иако Орбисон се заморил од „Ooby Dooby“, Филипс сакал повторно да ја сними плочата во подобро студио. Орбисон тивко се измачувал од напредувањата на Филипс за тоа што да свири бендот и како тоа Орбисон да го отпее. Сепак, во продукцијата на Филипс, рекордот кој го срушиле на Хот 100 на Билборд, со достигнување на 59-то место и со продавањето на 200 000 копии. Тин Кингс заминале на турнеја со Сони Џејмс, Џони Хортон и Кеш. Под поголемо влијание од Елвис Присли, Орбисон пеел френетички, правејќи „се што можеме да добиеме аплауз, бидејќи имавме само една хит плоча.“ Тин Кингс почнале да пишуваат материјал повеќе како: „Go! Go! Go!“ и „Rockhouse“, најчесто во стандарден рокабили стил. Бендот најпосле се разделил поради спорни кредити и хонорари, но Орбисон останал во Мемфис и ја прашал неговата 16-годишна девојка Клодет Фрејди да му се придружи. Тие престојувале во домот на Филипс, каде што спиеле во одделни соби. Во студиото, Орбисон се сконцентрирал на механизмите на снимањето, Сем Филипс се присеќа дека бил повеќе воодушевен од тоа како Орбисон владеел со гитарата одошто со неговиот глас. Една балада што ја напишал Орбисон ја нарекол „The Clown“ имала во најдобра рака, ладен прием. Продуцентот на Сан Рекордс Џек Клемент, откако ја ислушал му рекол на Орбисон дека никогаш нема да успее како пејач на балади. Тој пронашол барем малку успех во Сан Рекордс и си го пронашол својот пат во општествениот круг на Елвис Присли, кога отишол да ја земе девојката на Присли во неговиот виолетов Кадилак. Орбисон им ја продал „Claudette“, песната која ја напишал за Фрејди и со која што се оженил во 1957 година, на Еверли Брадерс и се појавила на Б – страната на нивната хит - плоча „All I have to do is dream“. Првиот и можеби единствениот хонорар што го заработил Орбисон од Сан Рекордс му овозможил да ја плати аконтацијата на неговиот Кадилак. Меѓутоа, фрустриран во Сан, Орбисон постепено престанал да снима, правел турнеи низ музичките средини во Тексас за да заработи за живот, и за седум месеци во 1958 година, престанал целосно со пеење. Неговата кола му била одземена и со големи финансиски проблеми, често зависел од семејството и пријателите за пари. За кратко време во доцните 1950-ти години, Орбисон работел кај Акаф-Роуз, компанија за пишување на песни, фокусирајќи се главно на кантри музика. Откако поминувал цел ден во пишување песни, тој правел по неколку демо снимки истовремено и ги испраќал на Весли Роуз, кој се обидувал да пронајде музички акти за да ги сними. Орбисон се обидел да ги продава песните што снимал кои биле напишани од други текстописци од RCA Виктор, како и да работи и да има целосно стравопочитување кон Чет Аткинс, кој свирел на гитара заедно со Пресли. Орбисон испробал една песна напишана од Будло Брајант нареченаа „Seems to me“. Впечатокот на Брајант за Орбисон бил дека тој бил „плашливо, срамежливо дете кое се чинело дека е повеќе збунето од целата музичка сцена. Се сеќавам како пееше тогаш – нежно, шармантно, но речиси срамежливо, како некој би можел да се вознемири од неговите напори и да го прекорува.“

Пристигнување 1960-1964[уреди | уреди извор]

Во неговите први сесии во Монјумент во Нешвил, Орбисон прифатил песна, која што RCA ја одбил „Paper Boy“ и напишал друга „Pretty One“. Свирејќи доцна во ноќта и живеејќи со неговата жена и мало дете во малиот апартман, тој често барал прибежиште со гитарата во колата и таму пишувал песни. Еден ден во Тексас во 1959 година, Композиторот Џо Мелсон, кој што се познавал со Орбисон од видување, му потчукнал на стаклото на автомобилот и двајцата одлучиле да се обидат заедно да напишат некоја песна. Тие експериментирале со ду-вап (doo-wop) придружни вокали адаптирани во песната „Uptown“ од страна на Анита Кер. На Орбисон му било дозволено да користи жичани инструменти на плочата, во што тој и уживал. Мелсон подоцна се присетил: „Стоевме во студиото, слушајќи го плејбекот и си помисливме дека тоа е најубавиот звук на светот“. Ролинг Стоун Илустрејтед Хистори оф Рокенрол изјави дека музиката што ја правел Орбисон во Нешвил му донела „нов сјај на Рокот“, а мелодраматичните ефекти на оркестарската придружба биле слични со музичката продукција на Фил Спектор. „Uptown“ го заработила скромното 72 место на Топ 100 на листата на Билборд и Орбисон си поставил за цел да преговара за договор со ноќен клуб наменет за висока класа некаде. Во доцните 1950-ти години, во своите почетоци, самиот Рокенрол стагнирал. Елвис Пресли бил во војска. Еди Кокран и неговиот тексашки пријател Бади Холи, со кои Орбисон претходно бил на турнеја, на големо изненадување на Орбисон, починале. Литл Ричард ја пронашол религијата и Чак Бери бил уапсен и поминал некое време во затвор. Поранешниот колега на Орбисон од Сан Рекордс, Џери Ли Луис бил посрамотен кога бракот на неговиот 13-годишен братучед бил широко објавен во печатот.

Пишување за гласот[уреди | уреди извор]

Под влијание на современите хитови, како „Come back to me my love“ и „Come softly to me“, Орбисон и Мелсон напишале песна во Април 1960, која што, кога ја снимале користеле жичани инструменти, ду-вап придружните вокали на Анита Кер и, најпосле, погодок со вчудовидувачките ноти на Орбисон во фалсет, кои го прикажуваат моќниот глас што според биографот Клејсон „не излегувал од неговото грло, туку од некаде подлабоко“. Беше насловена „Only the lonely“, а Орбисон и Мелсон се обиделе да им ја подметнат на Елвис Пресли и на Еверли Брадерс, од кои и двајцата ја одбиле. Наместо тоа, во студиото на RCA во Нешвил со главниот инжинер Бил Портер, сместувајќи ги музичарите како што требало, Орбисон ја снимил и ја објавил неговата сопствена верзија и стигнала на 2-то место на Хот 100 во САД и била хит број 1 во Обединетото Кралство и во Австралија. Според Орбисон, следните песни што ги напишал со Мелсон во текот на овој период биле создавани водејќи сметка за неговиот глас, за попрецизно да го покаже неговиот дијапазон и моќ. Тој за Роулинг Стоун во 1988 година изјавил: „Ми се допадна како звучеше мојот глас. Ми се допадна да го натерам да пропее, да го натерам да ѕвони и да продолжам со тоа. Мислам дека некаде помеѓу времето на „Ooby Dooby“ и „Only the lonely“, на некој начин се претвори во добар глас.“ Во тој момент, Орбисон бил многу баран. Тој се појавувал на Американ Бендстенд и имал турнеи низ САД, три месеци без прекин со Петси Клајн. Кога Пресли за прв пат ја слушнал „Only the lonely“, тој купил кутија со примероци за да им раздаде на неговите пријатели. Мелсон и Орбисон следувале со посложениот „Blue Angel“, кој што го достигнал 9-то место, само-изведената верзија на „Claudette“ и „I’m Hurtin“ кои се искачиле до 27-то место. Орбисон сега можел целосно да ги префрли неговата жена и синот во Нешвил. Назад во студиото, во потрага по промена на поп-звукот во ду-вап стил на „Only the lonely“ и „I’m Hurtin“ , Орбисон работел на нова песна „Running Scared“, која се засновала слободно на ритамот на Болеро од Равел. Песната била за маж кој бил во потрага по поранешното момче на девојката, од кој имал страв дека ќе му ја одземе. Орбисон наидел на потешкотии кога се почувствувал неспособен да ја достигне највисоката нота во песната без да му пукне гласот. Тој бил придружуван од оркестарот во студиото и Портер му рекол дека ќе мора да пее погласно од неговата придружба, бидејќи оркестарот не можел да биде потивок од неговиот глас. Фред Фостер потоа го ставил Орбисон во аголот на студиото и го обиколил со закачалки во импровизирана кабина со изолаицја за да му го истакне гласот. Орбисон бил незадоволен од првите две секвенци, но во третата, тој престанал да користи фалсет и го пеел последното повишено Ге слободно остро, дотолку восхитувајќи ги сите присутни што придружните музичари престанале со свирење. На третата секвенца, „Running Scared“ била завршена. Фред Фостер подоцна се присетил: „Тој успеа, и сите околу него гледаа со вчудовиденост. Никој не беше слушнал нешто слично порано.“

Градење на имиџот[уреди | уреди извор]

Само неколку недели подоцна „Running Scared“ го достигнала 1-то место на топ листата Хот 100. Композицијата на следните хитови на Орбисон ја одразувале „Running Scared“, приказна за емоционално ранлив маж, соочен со загуба или тага, која кулминира со изненаден крај со крешендо кое што го употребувало динамичниот глас на Орбисон. „Crying“ следувала во Јули 1961 година и го достигнала второто место. Таа била споена со R&B песна со забрзано темпо насловена „Candy Man“, која ја напишал Фред Нил, која останала на топ листите два месеци. Вториот син на Орбисон се родил во 1962, а се родил и хитот на Орбисон кој се наоѓал на 4-то место во САД и на 2-то место во Обединетото Кралство „Dream baby“, весела песна напишана од композиторот Синди Вокер. Останатиот дел од годината, тој престојувал на топ листите со „The Crowd“, „Leah“, „Workin for the man“, кои што ги напишал за летото што го поминал работејќи на нафтените полиња во близина на Винк. Меѓутоа, неговиот однос со Џо Мелсон се влошил поради неговата загриженост дека неговата сопствена соло кариера нема да започне. Во недостиг од фотогеничен изглед на многумина од неговите рокенрол современици, Орбисон конечно изградил персона кој што не ја одразувала неговата личност. Тој немал публицист во раните 1960 години, не бил застапен во списанијата на обожаватели и неговата единечна обвивка не ја истакнувала неговата слика. Списанието Лајф го нарекло анонимна славна личност. Откако си ги заборавил дебелите очила во авион во 1962 или 1963 година, Орбисон бил принуден да ги носи очилата за сонце по препорака на Реј-Бан Вејфарер на сцената и открил дека тие повеќе му одговарале. Неговите биографи укажуваат на тоа дека иако имал добра смисла за хумор и никогаш не бил намуртен, Орбисон бил многу срамежлив и страдал од сериозна трема пред настап, носењето на очила за сонце му помагало да сокрие нешто од публиката. Црната облека и очајот во неговите песни го воделе до аура на мистериозност и повлеченост. Неколку години подоцна, Орбисон рекол: „Јас не се обидувам да бидам чуден, знаете? Немав менаџер кој би ми кажувал како да се облечам или како да се претставам себеси или нешто слично. Но, сликата на мистериозен и тивок човек во црно, нешто како смотник, се развиваше, и покрај тоа што никогаш всушност не сум бил.“ Неговата темна и замислена персона, споена со неговиот тремоло глас во тажни љубовни балади, продавани на тинејџери, му помогнале на Орбисон да ја превземе контролата над забавната музика во раните 1960 години. Тој имал низа хитови во 1963 година, „In Dreams“ (7 место во САД), „Falling“, „Mean woman blues“ (5 место во САД), „Blue Bayou“, од кои сите ги достигнале Топ 10 во Обединетото Кралство. Тој ја завршил годината со божиќна песна напишана од Вили Нелсон насловена „Pretty Paper.“ Бидејќи „In Dreams“ била пуштена во Април 1963, Орбисон го замолиле да го замени гитаристот Двејн Еди на турнејата во Обединетото Кралство во главната улога, со локален бенд кој што стекнувал огромна популарност наречен Битлси. Сепак, кога пристигнал во Англија, ја видел значајноста на рекламирањето на квартетот и сфатил дека тој не е повеќе главната атракција. Тој немал никогаш слушнато за нив, и изнервиран прашал хипотетички: „Во секој случај, што значи Битл?“ на што Џон Ленон му одговорил, откако го потчукнал по рамото: „Јас сум.“ На премиерата, Орбисон се одлучил да се качи прв на сцената, иако тој бил најдокажан пејач. Познати по бучните забави, со изразување огромни количини на енергија, Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар стоеле занемени зад сцената додека Орбисон пеел сосема смирен и едноставно низ четиринаесет биса. Најпосле, кога публиката почнала да пее: „Го сакаме Рој!“ пак, Ленон и Мекартни го спречиле Орбисон задржувајќи го назад да продолжи понатаму. Стар подоцна рекол: „Во Глазгов, сите бевме позади сцената слушајќи го огромниот аплауз што го добиваше. Тој само стоеше таму, без да се движи или нешто слично.“ Сепак, за време на турнејата, двете страни научија да се согласуваат, процес кој го олеснил фактот што Битлсите се восхитувале на неговата работа. Орбисон имал симпатии кон Ленон, но со Харисон подоцна ќе воспостави силно пријателство. Прекарот „Големото О“ ќе го следи конеќно назад во САД, каде што ќе стане неофицијален прекар на Орбисон.

Успех[уреди | уреди извор]

Турнејата во 1963 имала последици врз приватниот живот на Орбисон. Неговата жена Клодет започнала љубовна афера со градежникот кој што им го изградил домот во Хендерсонвил, Тенеси. Нивните роднини и пријатели и го препишале тоа на нејзината младост и на тоа дека не можела да издржи сама и да се досадува, кога Орбисон имал турнеја во Англија повторно во есента 1963, таа му се придружила. Тој бил неизмерно многу популарен, каде што одел, додека ја завршувал турнејата во Ирска и Канада. Речиси веднаш потоа имал турнеја во Австралија и Нов Зеланд со „Бич Бојс“ и повторно се вратил во Обединетото Кралство и Ирска, каде што бил толку прогонуван од тинејџерки што ирската полиција била приморана да ги прекине неговите настапи за да ги оттргнат девојките од него. Сепак, тој продолжил со турнејата и повторно ја посетил Австралија, овој пат со Роулинг Стоунс. Мик Џегер подоцна забележал за една црна фотографија што го сликал Орбисон во Нов Зеланд: „Човек со добра става во топлите лета беше тој.“ Орбисон започнал да соработува и со Бил Дис, со кого што се запознал во Тексас. Со Дис ја напишал „It’s Over“, хит број 1 во Обединетото Кралство и песна ќе биде една од неговите потпишани дела до крајот на неговата кариера. Кога Клодет влегла за да каже дека ќе оди во Нешвил, додека Дис и Орбисон почнале со пишување , Орбисон ја прашал дали и требаат пари, а Дис рекол: „На убава жена никогаш не и требаат пари“. По 40 минути, „Oh, Pretty Woman“ била завршена. Ремек-делото оптоварено со рефрени, во кое што користел разигран екот што го добил од филмот на Боб Хоуп, епитет кој што Орбисон го изговарал кога не можел да погоди некоја нота (Милост - Mercy!) и спојување на неговата ранлива и машка страна, се искачила на 1-то место во Обединетото Кралство, поминувајќи вкупно 18 недели на топ листите. Синглот се продал во над седум милиони примероци. Успехот на Орбисон бил поголем во Британија, според забелешка на списанието Билборд, Рој Орбисон бил единствениот американски пејач кој што за време од 68 недели со почеток од 8 Август 1963 година, кој имал број еден сингл во Бртанија. Тој успеал два пати, со „It’s Over“на 25 јуни 1964 и со „Oh, Pretty Woman“ на 8 октомври 1964. Второспоменатата песна исто така се искачила на местото број 1 во Америка, правејќи го Орбисон отпорен на тековната доминантност на британските пејачи на топ листите на двете страни на Атлантикот.

Пад во кариерата и лични несреќи, 1965-1969[уреди | уреди извор]

на британските пејачи го докажа врвот во кариерата на Орбисон во 1960-те години. По нејзиното издавање, тој претрпел некои немири. Тој се развел со Клодет во ноември 1964 година заради неверство, иако тие повторно се омажиле во август 1965 година. Весли Роуз, кој што вршел функција на претставник на Орбисон, го префрлил од Монјумент Рекордс во Метро-Голдвин-Мејер (МГМ), за милион долари и под услов Орбисон да се прошири на телевизија и во филмови како што направил Елвис Пресли. Орбисон бил вљубеник во филмовите, и кога не бил на турнеи, не пишувал или не снимал, тој посветувал време за да гледа и до три филмови дневно. Меѓутоа, Роуз исто така започнал да врши функција како продуцент на Орбисон. Фред Фостер подоцна за расправал дека Роуз бил одговорен за комерцијалното пропаѓање на работата на Орбисон во МГМ. Неговата прва колекција во МГМ, албумот со наслов Goodnight се продал во помалку од 200 000 примероци. Британската инвазија се појавила во исто време, менувајќи го значително правецот на рок музиката. За време на турнејата во Обединетото Крелство во 1965, Орбисон си ја скршил ногата кога паднал од мотор пред илјадници развикани обожаватели на патеката за тркање и пеел истата вечер со гипс. Неговото помирување со Клодет се случило кога таа го посетила во додека тој се опоравувал од несреќата. Орбисон го фасцинирале машини и возила и бил познат по тоа, кога ќе видел кола што му се допаѓа, го следел возачот и му нудел пари за да ја купи колата на самото место. Тој имал колекција што доликува на музеј од доцните 1960-те години. Заедно со Клодет ја делеле љубовта кон моторите. Меѓутоа, на 6 јуни 1966 година се случила трагедија, кога Орбисон и Клодет биле на пат кон дома од Бристол, Тенеси. Клодет ја удрил камион со приколка и веднаш починала. Жалејќи Орбисон се нафрлил на работата, во соработка со Бил Дис на пишување музика за филм, во кој што МГМ планирал и тој да игра. Во почетокот, бил планиран како драматичен вестерн, но бил одново напишан како комедија. Ликот на Орбисон бил шпион кој украл и требало да заштити и да испорача тајни резерви на злато на Конфедеративната Армија во текот на Граѓанската војна во САД и бил опремен со гитара која што се претворала во пушка. Режисерот му дозволил да ја каже реченицата: „Би можел да те убијам со ова и да го свирам твојот погребен марш истовремено“, неуверливо, според биографот Колин Ескот. Под насловот Најбрзата жива гитара, Орбисон бил задоволен од филмот, иако се покажало дека бил критикуван и дека бил тотален неуспех. Иако МГМ вклучиле 5 филмови во овој договор, тие не биле снимени. Орбисон снимил албум посветен на песните на Дон Гибсон и друг посветен на кориците на Хенк Вилијамс, но и двата слабо се продавале. Бидејќи психоделичното рок движење ја преземало власта во доцните 1960 години, Орбисон се почувствувал изгубен, а подоцна рекол: „Не слушав многу што би можел да го разберам, па стоев таму на некој начин, како дрво кое што ветровите го вејат и сезоните го менуваат, а ти си сеуште таму и повторно цутиш.“ Тој продолжил со турнеите, и претходно направил некои паметни инвестиции во недвижности, па така парите никогаш повторно не му претставувале проблем. Токму во текот на турнејата во Мидлендс во Англија, на 16 септември 1968 година, Орбисон ја примил веста дека изгорел неговиот дом во Хендерсонвил, Тенеси и дека неговите двајца најстари синови починале. Имотот му бил продаден на Џони Кеш, кој што засадил овоштарник на тоа место. На 25. Март 1969 година, Орбисон се оженил со германска тинејџерка која се викала Барбара Вилхонен Џејкобс, со која се запознал два дена пред смртта на неговите синови. Неговиот најмал син со Клодет бил одгледан од неговите родители. Тој имал син со Барбара во 1970 година и друг во 1974 година.

Повторно откритие[уреди | уреди извор]

Обработки: 1970-те[уреди | уреди извор]

Орбисон снимал во 1970-те години, но неговите албуми постигнале толку слаби резултати што почнал да се сонева во неговиот талент. Авторот Питер Лехман подоцна забележал дека отсуството било дел од мистериозноста на неговата персона: „Бидејќи не било разјаснето неговото потекло, изгледа никој не обрнувал многу внимание каде отидел, тој едноставно заминл.“ Сепак, неговото влијание било очигледно, бидејќи неколку пејчи објавиле обработки на негови песни кои што постигнале многу добри резултати. „Love Hurts“ била римејк на Грем Парсонс и Емилу Харис, а потоа од хеви-метал бендот Назарет. Сони Џејмс ја искачи „Only the lonely“ на местото бр.1 на топ листите на кантри музиката. Брус Спрингстин ги завршувал концертите со песни на Орбисон, а Глен Кемпбел имала мал хит со римејкот на „Dream Baby“. Лонг-плеј компилацијата на најголемите хитови на Орбисон се искачила на 1-то место во Обединетото Кралство во 1977 годин. Истата година, тој почнал да им ги отвора концертитте на Иглс, кои што започнале како придружен бенд на Линда Ронштад. Самата Ронштад, ја преработила „Blue Bayou“ во 1977 година, додека нејзината обработка го достигнала 3-то место на топ листите на Билборд и се задржала на топ листите 24 недели. Орбисон ја припишал оваа обработка, особено за да ги врати барем спомените кај јавноста, ако не неговата кариера. Во тој период, Орбисон се подвргнал на операција на отворено срце. Тој страдал од чир на дванаесетпалечното црево, уште од 1960 година, а пушел цигари уште како адолесцент. И покрај тоа што живнал по трајниот бајпас, тој продолжил со пушење и неговата тежина варирала се до крајот на животот. Дон Меклин направил обработка на „Crying“ во 1980 година, во верзија која што се наоѓала на 5-то место во САД и се задржала 15 недели на топ листите во Обединетото Кралство. Иако тој не бил заборавен во САД, Орбисон ризикувал и започнал турнеја низ Бугарија. Тој се зачудил кога открил дека таму бил познат исто како и во 1964 година, тој бил принуден да остане во хотелската соба, затоа што го опколиле на улиците во Софија. Подоцна истата година, тој и Емиму Харис освоиле Греми за дуетот „That Lovin’ You Feelin’ Again“. Тоа била првата негова награда од таков вид и се почувствувал како никогаш порано дека било погодно време за негово целосно враќање на забавната музика. Меѓутоа, тоа се остварило после неколку години.

Преродба 1987-1988 година[уреди | уреди извор]

Кариерата на Орбисон била целосно препородена во 1987 година. Песната што ја снимил под наслов „Life Fades Away“ се појавил во филмот „Less than Zero“. Заедно со Кетрин Дон Ленг исполниле дует на песната „Crying“ и го пуштиле во саундтракот на „Hiding Out“, со кој што освоиле Греми за најдобра соработка на вокали во кантри музиката. Меќутоа, филмот во кој што Орбисон одбил да ја пуштат неговата музика бил „Blue Velvet“. Режисерот Дејвид Линч го замолил Орбисон да ја искористи „In Dreams“, а тој го одбил. Песната послужила како еднаод неколкуте опсесии психопатскиот лик Френк Бут (Денис Хопер). Усните ги мрдал феминизиран дилер на дрога, кој го играл Дин Стоквел, после што Бут барал песната одново да свири, откако го истепал главниот лик додека свирела песната. Во текот на снимањето, Линч барал песната постојано да свири за да и даде на сцената ндреален амбиент. Во почетокот, Орбисон бил шокиран од тоа како е искористена. Го гледал филмот во театар во Малибу и подоцна рекол: „Јас бев засрамен затоа што тие зборуваа за ’чоколадниот кловн‘ во врска со зделка со дрога... Си помислив: Што ли само...? Но, подоцна кога одев на турнеи, го добивме видеото и почнав да го ценам она што Дејвид и го даде на песната, и она што песната му го даде на филмот, како ја постигна оваа нереална особина, кој што и даде целосно нова димензија на песната ’In Dreams‘.“ Истата година, Орбисон бил примен во Холот на славните композитори во Нешвил и во Холот на славните во рокенролот од Брус Спрингсти, кој го завршил говорот со спомнување на неговата песна „Thunder Road“: „Сакав плоча со зборови како на Боб Дилан, што звучат како Фил Спектор, но најмногу од се, јас сакав да пеам как Рој Орбисон. Сега сите знаат дека никој не пее како Рој Орбисон.“ Како одговор, Орбисон му побарал копија од говорот на Спрингстин, а за неговиот прием рекол дека со таа чест се почувствувал „докажан/потврден“. Неколку месеци подоцна, Орбисон и Спрингстин повтроно се сретнале за да снимат концерт во Коконат Гроув Балрум во Лос Анџелес. На нив им се придружиле Џексон Браун, Ти-Боун Барнет, Елвис Костело, Бони Рајт, Џенифер Варнес и Кетрин Дон Ленг. Ленг подоцна раскажувала колку скромен бил Орбисон од укажаната поддршка на толку многу талентирани и зафатени музичари: „Рој не погледна сите, и рече: ’Ако некогаш можам да направам нешто за вас, ве молам повикајте ме.‘ Тој беше многу сериозен. На тој начин ни се заблагодари. Беше навистина емотивно. Концертот беше снимен во една секвенца и беше емитуван на Синемакс под насловот Рој Орбисон и Пријателите. Црна и Бела вечер (Roy Orbison and Freiends. A Black and White Night)“. Видеото го пушти Вирџинија Рекордс, продавајќи 50 000 примероци.

Traveling Wilburys и Mystery girl: 1988[уреди | уреди извор]

Во 1987 година, Орбисон почнал да соработува со фронтменот на Оркестарот Електрик Лајт, Џеф Лин на новиот албум. Во исто време, Лин ја завршувал продукцијата за „Cloud Nine“ на Џорџ Харисон, па тројцата отишле на ручек заедно кога Орбисон ја прифатил поканата да пее на албумот на Харисон. Тие го контактирале Боб Дилан, кој им дозволил да го користат студиото за снимање во неговиот дом. По патот, Харисон требало да наврати до куќата на Том Пети за да си ја земе гитарата. Пети заедно со бендот го поддржувале Дилан на последната турнеја. До вечерта, групата ја напишала „Handle with care“, која што ги навела на идејата да снимат цел албум. Тие се нарекувале себеси „Traveling Wilburys“, претставувајќи се себеси како полу-браќа од ист татко. Тие си давале уметнички имиња. Орбисон го избрал неговото по музички херој, нарекувајќи се себеси „Лефти Вилбури“ по Лефти Фриел. Проширувајќи ја идејата за патувачки бенд на бучни музичари, Орбисон предложил цитат во чест на основањето на групата: „Некои луѓе велат дека тато бил измамник и просјак. Јас го паметам како баптички свештеник.“ Лин подоцна проговорил за студиските снимања: „Сите само стоеја таму, ’Вау, тоа е Рој Орбисон!‘... Иако ви стана другар, се дружите, добро се забавувате и одите на вечера, штом тој застане позади микрофонот и си ја врши работата, одеднаш време е за треперење.“ На Орбисон му била дадена една соло песна на албумот со наслов „Not Alone Anymore“. Неговите придонеси биле многу пофалени во печатот. Traveling Wilburys Vol.1 помина 53 недели на топ листите во САД, достигнувајќи го 3-то место. Во Австралија го достигнал 1-то место, а 16-то место во Обединетото Кралство. Лонгплеј плочата освоила Греми за Најдобра рок изведба на дуо или група. Ролинг Стоун ја вклучи во 100-те врвни албуми на деценијата. Орбисон повторно бил многу баран за концерти и интервјуа, и бил среќен поради тоа. Тој почнал да пишува песни и да соработува со со многу музичари од неговото минато и со понови обожаватели со цел да го усоврши албумот со наслов „Мистериозна девојка“ („Mystery girl “). Водечкиот вокал на ЈуТу, Боно станал свесен за Орбисон кога го гледал Blue Velvet, а со Еџ ја напишал „She’s a Mystery to Me“ за филмот. Боно лично присуствувал на снимањето на песната и се присеќал: „Стоев до него и пеев со него. Не изгледаше дека пее. Па си помислив: ’Тој ќе ја снима следната секвенца. Тој само ги чита зборовите.‘ А потоа влеговме да ја преслушаме секвенцата, и тогаш се појави овој глас, кој што беше највисокиот глас што го имав слушнато. Тој пеел. Но, едвај мрдаше со усните. А гласот на свој начин, беше погласен од бендот. Не знам како му успеа тоа. Беше како жонглирање со рацете.“ Џеф Лин бил продуцент на Mystery Girl, кого што Орбисон го сметал за најдобар продуцент со кој што соработувал, додека Боно, Елвис Костело, синот на Орбисон Весли и други му ги нуделе своите песни. Најголемиот хит на албумот била „You Got It“, кој ја напишал Лин и Том Пети. Постхумно се искачила на 9-то место во САД и н 3-то место во Обединетото Кралство.

Смртта[уреди | уреди извор]

Додека Орбисон решително ја следеше втората прилика за слава, тој постојано се изненадувал од успехот, признавајќи: „Многу е добро повторно да те сакаат, но сеуште не можам да поверувам.“ Малку ослабел за да се прилагоди на новиот имиџ и постојаната побарувачка за турнеи, како и на поновите барања на снимање видеа. Во ноември 1988 година, Mystery Girl била завршена и Traveling Wilburys Vol.1 се искачувала на топ листите. Орбисон заминал во Европа, каде што му била врачена награда и одржал настап во Антверпен, каде било снимено видеото на „You Got It“. Давал повеќе интервјуа на ден со набиен распоред. Неколку дена подоцна, менаџер на клуб во Бостон бил загрижен што изглдал болен, но Орбисон го одржал настапот на друга отворена сцена. Најпосле, исцрпен се вратил во неговиот дом во Хендерсонвил за да се одмори неколку дена пред повторно да замине за Лондон за да сними уште две видеа за Traveling Wilburys. На 6. Декември 1988 година, го поминал денот летајќи макети со синовите. Откако вечерал во домот н мајка му во Тенеси, Орбисон починал од срцев напад. Смртта на Орбисон била интернационална вест. Авторот Питер Лехман сметал дека тој починел во 1970-те години, кога неговата кариера стагнирала, можеби помалку ќе го спомнувале во некролозите во весниците. Меќутоа, реакцијата на неговата смрт, одразувала колку популарен тој повторно станал. Нешвил Банер го ставил на насловна страна во шест колони. Исто така бил на насловна страна на Њу Јорк Тајмс. Таблоидот Нашенел Енкуајерер укажал на тоа дека се преработувал до смрт. Една служба била одржана во Нешвил, а друга во Лос Анџелес. Тој бил закопан на гробиштата во селскиот меморијален парк во Вествуд. Во јануари 1989 година, Орбисон станал првиот музичар после Елвис Пресли што имал 2 албуми во Топ 5 истовремено.