Рој Лихтенштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рој Лихтенштајн (Roy Lichtenstein)

Рој Ликтенстајн (анг. -Roy Lichtenstein), е американски сликар роден на 27 октомври 1923, а умрел на 29 септември 1997. Бил еден од основачите на поп-артот, движење кое претставува противтежа на техниките и концептите на апстрактниот експресионизма и кој ги возвишува техниките на масовните медии и икони на популарната култура.

Како млад, Ликтенстајн едно време студирал со сликарот Реџиналд Марш (анг.-Reginald Marsh). После одслужувањето на воениот рок во Втората светска војна, завршава студии на уметност на универзитетот во Охајо, каде од 1946. до 1951. година предава како професор. Бил професор и на Њујоршкиот државен универзитет Озвего (1957—1960) (анг-New York State University College, Oswego) и на колеџот Даглас на универзитетот Раџерс во Њу Бранзвик, Њу Џерси (1960—1963) (анг-Douglass College of Rutgers University, New Brunswick, New Jersey).

На почетокот на кариерата Ликтенстајн слика теми со американскиот запад во различни модернистички стилови. Во 1957. година почнува да слика во стилот на американскиот експресионизам, но брзо го напушта. За своите деца ги има насликано Мики Маус и Паторот Пајо. Во почетокот е незадоволен со оваа техника и не е баш воодушевен со концептот на директно присвојување, па набрзо открива скриени можности на когнитивната естетска интерпретација, које се наметнува како икона на масовните медии во контекст на убавите уметности.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]