Ројал Харвуд Фрост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Откриени астероиди: 1
505 Кава 21 август 1902
Фрост околу 1910 г.

Ројал Харвуд Фрост (англиски: Royal Harwood Frost; 25 февруари 187911 мај 1950) — американски астроном

Роден е во Сејлем, Масачусетс како четврто дете на Олбинус Фини и Ема Џејн Ричардсон.

Од 1896 до 1908 г. работел како помошник-астроном во Харвардската опсерваторија, под водство на Едвард Чарлс Пикеринг. Од 1902 до 1905 г. работел во опсерваторијата во Арекипа (Перу), каде користел 24-inch f/5,6 Брусов фотографски рефрактор (изработен во 1893 г.). Набљудувајќи ги маглините ја следел техниката на Делајл Стјуарт, направил фотографии со четиричасовна изложеност и ги објавил во Harv. Ann. 60, 179 (1908).

Открил вкупно 454 нови објекти, заведени во второто издание на „Индекс-каталог“ (IC II)[1] Во 1926 г., по преместувањето на телескопот „Бојден“ во Блумфонтејн (ЈАР), Фрост добил понуда да работи на Харвард, но не ја прифатил, туку останал во Перу, отворајќи бачило во Тинго.

Подоцна се преселил во Форт Ворт, Тексас и работел како сметководител во нафтено претпријатие. По извесно време, заминал во Шривпорт, Луизијана и таму починал.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Second Index Catalogue of Nebulae Found in the Years 1895 to 1907; with Notes and Corrections to the New General Catalogue and to the Index Catalogue for 1888 to 1894, Mem. Roy. Astron. Soc., том 59, дел 2, стр. 105, 1908.