Роудранер Рекордс

Роудранер Рекордс | |
---|---|
Основана | 1980 |
Основач | Кејс Веселс |
Жанр | метал хеви метал дум метал дет метал итн. |
Земја на потекло | ![]() |
Локација | ![]() |
Роудранер Рекордс (анг:Roadrunner Records) е холандско-американска издавачка куќа. Долго време била дел од Јуниверсал Мјузик Груп, но ѝ припаѓа на Ворнер Мјузик од 2006 година. Издавачот е специјализиран за метал.
Во 2000 година, Slipknot станал првиот Роудранер бенд со платинест албум.
Од 2010 година, издавачката куќа е под целосна сопственост на Ворнер Мјузик. Роудранер останува активна издавачка куќа како под-етикета на Ворнер Мјузик со Веселс како директор.
Историја
[уреди | уреди извор]Роудранер е основана во 1980 година од Кејс Веселс, првично под името Роудрејсер Рекордс (Roadracer Records). Првото издание било албум на Џим Кроче. Иако Веселс бил повеќе заинтересиран за опера и рок музика, тој го видел растечкиот пазар на хеви металот и решил да му се посвети нему. Ова се исплатело кога во 1986 година се отворил американскиот штаб на Роудранер во Њујорк. Подоцна компанијата отворила канцеларии во поголем број земји. Првите успешни албуми на етикетата биле на Кинг Дајмонд (првиот изведувач на Роудранер Рекордс кој влегол на табелата на Билборд) и Анајалејтер. Во доцните 1980-ти, се издале 2 иконски метал албуми, на Обичуери (Slowly We Rot) и Сепултура (Beneath the Remains).
Во 90-те се појавиле групи како Синик, Дисајд, Лајф оф Егони, Машин Хед, Сафокејшн, Тајп О Негатив. Со тек на времето и доаѓањето на доцните 90-ти, неколку Роудранер бендови успеале да извршат големо вијание на мејнстримот и да достигнат голема популарност, имено, Сепултура и Тајп О Негатив.