Ротаракт клуб Битола Широк Сокак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ротаракт клуб Битола Широк Сокак
Rotaract Club Bitola Shirok Sokak
КратенкаРотаракт Широк Сокак
ГеслоSelf Development - Fellowship Through Service
Service above self
Основана31 октомври 2014
Типздружение
Правен статусактивен
Целопштествена организација
МестоБитола
Членстводо 30 години
Службени јазицимакедонски
Главно телоСобрание
Матична организацијаРотаракт
Доброволци25
Мреж. местоrotaractsiroksokak.mk/

Ротаракт клуб Битола Широк Сокак или скратено Ротаракт Широк Сокак — клуб на млади водачи, потенцијални идни водачи од разни области во општеството. Како клуб на млади луѓе на возраст од 18 до 30 години постои од 31 октомври 2014 година.

Претседатели на клубот[уреди | уреди извор]

Претседатели на Ротаракт клуб Битола Широк Сокак
1 31 октомври 2014 – 30 јуни 2015 Маргарита Попоска
2 1 јули 2015 – 30 јуни 2016 Александар Георгиев
3 1 јули 2016 – 30 јуни 2017 Никола Илиевски
4 1 јули 2017 – 30 јуни 2018 Јане Велкоски
5 1 јули 2018 - 30 јуни 2019 Гоце Стојаноски
6 1 јули 2019 - 30 јуни 2020 Филип Стојчевски
7 1 јули 2020 - во тек Дејан Петровски

Проекти[уреди | уреди извор]

  • Проектот „МОЈ ДОКУМЕНТ“ претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе им помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции односно, Основен суд, Фонд за здравствено осигурување, Министерство за внаттрешни работи, Агенција за катастар и недвижности, Управата за водење на матични книги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија. Апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ е прикачена и достапна за оперативниот систем Андроид на продавницата на Гугл и паралелно е направена е и за системот iOS, во зависност од потребата на корисникот. Во иднина се планира и дополнување со уште три институции.
  • Со проектот „Подари Оброк“ во 12 викенди биле дистрибуирани над 2.400 топли оброци, млечни производи, леб и бели пецива на социјално загрозените категории од Битола.[1]
  • Донација на канцелариски мебел во Клиничка Болница Битола во соработка со Прокредит Банка. Донацијата е на одделот Гинекологија, Акушерство и Неонатологија и тоа 12 шкафови, 4 метални конструкции за чување лекови и масичка.[2]
  • Реновирање во Заводот Кочо Рацин Битола. Реновирање на 8 плафони во тоалети, реновирање на 8 предпростори на училници санирање на дефекти на инсталации во тоалетите.[3]
  • Донација на 4 тони храна заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјално ранливи семејства.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М.Б. (2019-05-20). „1600 топли оброци за социјално загрозените категории во Битола од Ротаракт Клубот Битола Широк Сокак“. Шеталиште. Посетено на 2019-07-09.
  2. М.Б. (2019-03-08). „Ротаракт Широк Сокак во соработка со ПроКредит Банка донираа во ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА " Д-р Трифун Пановски". Шеталиште. Посетено на 2019-07-09.
  3. Bitola, Babam (2019-02-27). „МАЛА ИСКРА ЗА ГОЛЕМА МАГИЈА ВО ЗАВОДОТ КОЧО РАЦИН БИТОЛА“. Бабам Битола (англиски). Посетено на 2019-07-09.
  4. „Ротаракт Широк Сокак донираше 4 тони храна за социјално ранливи семејства во Битола - АПЛА.мк - Без пардон за Битола“. www.apla.mk. Посетено на 2019-07-09.
  5. Објавено: 24/12/2018 (2018-12-24). „Ротаракт Широк Сокак Битола успешно го реализираше проектот " Играта продолжува..со топол оброк ". Правдико. Посетено на 2019-07-09.