Росов вртлог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Локација на Росовиот Вртлог во Росовото Море

Росовиот вртлог е еден од двата вртлози што постојат во Јужниот Океан. Вртлогот се наоѓа во Росовото Море и се врти во насока на стрелките на часовникот. Вртлогот е формиран од интеракциите помеѓу антарктичката кружна струја и антарктичкиот континентален гребен. Забележано е дека морскиот мраз опстојува во централното подрачје на вртлогот.[1]

Постојат некои докази дека глобалното затоплување придонело кон одредено намалување на соленоста на водите на Росовиот Вртлог од 1950-тите.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Michael L., Van Woert; и др. (2003). „The Ross Sea Circulation During the 1990s“. Во DiTullio, Giacomo R.; Dunbar, Robert B. (уред.). Biogeochemistry of the Ross Sea. American Geophysical Union. стр. 4–34. ISBN 0-87590-972-8. p. 10.
  2. Florindo, Fabio; Siegert, Martin J. (2008). Antarctic Climate Evolution. Elsevier. стр. 106. ISBN 978-0-444-52847-6.