Прејди на содржината

Роса Плавева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роса Плавева
Родена 1878
Велес, Османлиско Царство
(денес Македонија)
Починала 1970
Белград, СФР Југославија
Националност Македонка

Роса Плавева (Велес, 1878 - Белград, 1970)[1] била македонска социјалистка, една од првите борци за женски права во Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена е во фурнаџиско семејство како Роса Варналиева. Се школува во Велес, а потоа во Софија. Таму ги остварува своите први контакти со социјалистичкото движење.[2] Во 1900 година станува член на првата социјалистичка организација во Македонија, формирана во 1894 година од Васил Главинов во Велес. Зема учество во Илинденското востание.

Во деновите на Младотурската револуција, заедно со Накие Бајрам, ги организира турските жени во борба против зарот и фереџето. Во 1908 година организира демонстрации во Скопје за рамноправност на жените, а во 1909 година, заедно со својот сопруг Илија Плавев, работи на формирањето социјалдемократска организација во Скопје, која е формирана на 1 мај 1909 година.

Во 1917 година собира потписи од скопските жени за резолуцијата со која се бара ослободување на Роза Луксембург и Карл Либкнехт од затвор и успева да собере околу 100 потписи. Во 1919 година е еден од основачите на СРПЈ, а на 29 февруари 1920 година ја формира „Организацијата на жените социјалистки“ во Скопје. Оваа организација се залагала за еднакви плати на мажите и жените, за укинување на капиталистичката експлоатација и за активно и пасивно избирачко право на жените. Во 1920 година е забележано и залагањето на Плавева за отворање на бесплатна аптека и се изборила работниците двапати неделно да добиваат бесплатен преглед, во што и успеала.[3] Нејзината активност во следните години се намалува, а повторно зема учество во текот на НОВ.

  1. Vera Veskovic - Vangeli in Francisca de Haan, Krassimira Daskalova, Anna Loutfi (eds.) "A Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms Central, Eastern, and South Eastern Europe, 19th and 20th Centuries", CEU, 2006, pp. 441-443.
  2. „Дели Роса“, „Вардарски глас“ 24 април 1979 година, 6 стр.
  3. „Роса и Накие, скопските Роза Луксембург и Клара Цеткин“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Вест“