Прејди на содржината

Роса Мартулкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роса Мартулкова
Роден(а)меѓу 1842 г. и 1902 г.
Велес, Отоманска Македонија
Починал(а)Софија, Царство Бугарија
Занимањепрофесорка
СопружникПетар Мартулков
Децачетири деца
РодниниАлексо Мартулков (девер)
Пано Мартулков (свекор)

Роса Мартулкова (меѓу 1842 и 1902 г., Велес — Софија) — македонска просветителка и учителка од Велес. Сопруга на македонскиот револуционер и математичар Петар Мартулков. Вработена во Бугарската егзархија како учителка за бугарски јазик.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена во градот Велес, најверојатно меѓу 1842 и 1902 година. Во тоа време градот бил под Отоманска власт. Откако завршила со нејзиното образование била примена во Бугарската егзархија како учителка на бугарски јазик.[1] Во Велес се запознала со Петар Мартулков. Кога Петар се преселил во Софија Роса го придружила. Кога Петар Мартулков прекинал со неговите револуционерни дејности станал учител по математика и алгебра. Роса продолжила да предава за бугарскиот јазик. Имале заедно четири деца.[2] Еден од нив, Станислав Мартулков подоцна станал радиотехничар.[3]

Починала во Софија заедно со нејзиниот маж.

  1. ↑ Русев, Петар (1987). Български математици. Държ. изд-во "Нар. просвета". стр. 19.
  2. ↑ Роса Мартулкова (deceased) — Genealogy (2021) од Илиана Проданова
  3. ↑ Narodna biblioteka v Sofii︠a︡ (1967). Bŭlgarski knigopis. Bibliografski bi︠u︡letin za depoziranite v Sofiĭskata narodna biblioteka. Knigi · Том 71. Bŭlgarski bibliografski institut Elin Pelin. стр. 10.