Ропотамо
Ропотамо (бугарски: Ропотамо, од старогрчки: Ροπόταμος, „погранична река“) — релативно кратка река во југоисточна Бугарија. Извира од масивот Странџа, тече 48,5 км и се влева во Црното Море меѓу одморалишните места Дјуни и Приморско.
Реката е позната по своето устие широко 30 м, каде живеат најразлични растителни видови, од кои преку 100 се загрозени. Долното течение е природен резерват и заштитена област уште од 1940 г. и во него се наоѓа највисоката песочна дина на Балканот[1]. Ова е популарно место за разонода поради убавите водни лилјани на карпестите предели над реката, кои воедно се гнездилиште на белоопашест орел.
Ледник Ропотамо[уреди | уреди извор]
По реката е наречен ледникот Ропотамо на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетлантски Острови на Антарктикот.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Устието на Ропотамо, гледајќи кон морето
-
Корморани во устието на Ропотамо
-
Кејот на Ропотамо
-
Разгледување со чамец
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Ропотамо“ на Ризницата ? |
- Резерват „Ропотамо“ Архивирано на 14 септември 2017 г. (англиски)