Прејди на содржината

Македонски Роми

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ромите во Македонија)
Карта на Ромите во Македонија (2021)
Македонски Роми околу 1900 г.

Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население.[1] Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми[1], а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е службен јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонија се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.

По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]
Роми играат оро, Скопје, 1931

Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во средниот век, односно околу XIV век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.

Население

[уреди | уреди извор]
Македонски Роми-музичари во 1863 г.

На табелата е прикажан бројот на Ромите во Македонија по општини, според пописот од 2002 и 2021 година:[2][3]

Општина 2002 2021
Скопје 23.202 18.498
Прилеп 4.433 3.966
Куманово 4.256 2.795
Битола 2.613 2.890
Тетово 2.357 1.885
Гостивар 2.237 2.273
Штип 2.195 2.301
Кочани 1.951 1.892
Кичево 1.630 2.003
Виница 1.230 744
Дебар 1.080 1.140
Велес 800 507
Кавадарци 679 729
Крива Паланка 668 447
Делчево 651 475
Берово 459 339
Неготино 453 493
Илинден 428 476
Пехчево 390 256
Сарај 273 255
Радовиш 271 261
Ресен 184 314
Кратово 151 100
Струмица 147 218
Петровец 134 54
Градско 127 183
Струга 116 177
Зелениково 92 44
Студеничани 73 46
Свети Николе 72 45
Охрид 69 232
Теарце 67 50
Дојран 59 30
Ранковце 57 143
Јегуновце 41 49
Пробиштип 37 104
Валандово 32 24
Босилово 24 16
Чучер-Сандево 23 23
Демир Капија 16 37
Македонска Каменица 14
Гевгелија 13 21
Долнени 13
Демир Хисар 11 16
Маврово и Ростуше 10 3
останати општини 41 134

Познати Македонски Роми

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 „2002 попис“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2010-03-30.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 март 2016.
  3. „Попис на населението, домаќинстватa и становите во Република Северна Македонија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2022. Посетено на 11 ноември 2025. line feed character во |title= во положба 48 (help)CS1-одржување: датум и година (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]