Ромир Имами

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ромир Имами (албански: Rromir Imami; Скопје, 19 јануари 1977) — македонски сликар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Имами е роден на 19 јануари 1977 година во Скопје. Во Скопје дипломирал турски и италијански јазик и култура. Имами е самоук сликар и се занимава со апстрактно сликарство. Бидејќи се образувал во Иса беговата медреса во Скопје, тој имал можност да се запознае со калиграфијата на арапскиот ракопис која подоцна, на еден изменет начин се одразила на неговата уметничка дејност[1]. Заедно со холансдскиот сликар Маике Фекес, имал изложба на фотографии на тема „Њујорк“ на Белите Ноќи во Скопје[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Тајната градина 2 " на Ромир Имами“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-17.[мртва врска]
  2. „Бела Ноќ во Скопје, сабота 29.09“. plagij.at. 29.09. Посетено на 2009-11-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]