Ромео и Јулија (филм од 1968)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ромео и Јулија“ (англиски: Romeo and Juliet) — британско-италијански филм од 1968 година, во режија на Франко Зефирели, по сценариото на Франко Брузати, засновано врз истоимената драма на Вилијам Шекспир. Главните улоги ги играат: Леонард Вајтинг, Оливија Хаси, Џон Мек Енери, Мајло О'Ши, Пат хејвуд, Роберт Стивенс, Мајкл Јорк и Брус Робинсон. Филмот постигнал голем комерцијален успех, благодарение на богатата сценографија и костимографија, на одличната музика на Нино Рота. Исто така, филмот освоил две награди „Оскар“: за костимографија и за камера.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Верона, во времето на ренесансата. Главните благороднички семејства во градот, Монтеки и Капулети, се во непријателски односи, но една прилика, младиот син на Монтеки, Ромео (го игра Вајтинг) се вљубува во четиринаесетгодишната Јулија (ја огра Хаси) за која подоцна дознава дека му е ќерка на Капулети. Притоа, и Јулија е вљубена во Ромео, така што, по неколку тајни состаноци, двајцата тајно се венчаат во една црква. Знаејќи дека нивната врска нема да биде прифатена од двете семејства, Јулија одлучува да преземе ризичен чекор: да се „отруе“ со помош на лажен отров и така да побегне од своето семејство. Меѓутоа, нејзината одлука предизвикува сериозни последици...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]