Ромео Живиќ
Ромео Живиќ (познат како Роки) — член на македонското подземје.[1] Тој бил заложник на АНА во 2001 година, а потоа бил ослободен.[2] Вооружената престрелка во која учествувале Живиќ, Јане-Тица и Рамадани се случила околу 21 часот. Полициската истрага утврдила дека Живиќ и Павловски се сретнале претходниот ден за да подмират долг. Критичната вечер Рамадани и Живиќ го чекале Павловски во „Блу кафе“ на плоштадот Пелагонија. По доаѓањето на Павловски настанала расправија меѓу него и Рамадани. Се вмешал Живиќ, кој го удрил Јане-Тица и го влечел Рамадани кон себе. Павловски потоа извадил пиштол, испукал куршум, удирајќи го Рамадани во стомакот. Живиќ и Рамадани веднаш возвратиле. Размената траела околу три минути, со околу дваесет истрели. Живиќ и Павловски се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градската болница каде Живиќ им подлегнал на раните. Рамадани, пак, се соочувал со обвинение за обид за убиство на Јане Павловски во инцидентот.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Убиен Ромео Живиќ - легендата на кумановското подземје 3/31/2004 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Vest", Retrieved 27.01.2017 (Macedonian) [мртва врска]
- ↑ Ромео Живиќ човек со многу лица 16 октомври 2006 Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Utrinski", Retrieved 27.01.2017 (Macedonian)
- ↑ Ромео Живиќ мртов, Тица слета во Градска Архивирано на 2 февруари 2017 г. "Dnevnik", Retrieved 27.01.2017 (Macedonian)