Роман Мстиславич

Од Википедија — слободната енциклопедија

Роман Мстиславич (умрел на 19 јули 1205) бил руски средновековен владетел, владимирско-волински и галицки кнез.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кнезот Роман му бил правнук на Владимир Мономах. За време на своето владеење често војувал против соседните земји, но, исто така, одржувал врски со многу држави. Нему му се припишува изреката: „Ако не ги издавиш пчелите, мед не ќе јадеш.“ Војската му била опремена со „латинско“ оружје и со „шлемови латински“. Успеал кон своето Волинско кнежевство да го присоедини Галицкото кнежевство. За него се зборува погално во Ипатиевскиот летопис, каде се опишува дека ги напаѓал неверниците како лав, дека бил лут како рис, како орел ги прелетувал непријателските земји, итн. Познато е дека Роман бил многу суров кон литванскиет заробеници: ги впрегнал како добиток и со нив орал. Оттука, постои стара руска пословица, која вели: „Романе, Романе, лошо чиниш, со Литовци ораш!“ Во западноевропските хроники, кнезот Роман е опишан како „крал на цела Русија“. Папата Инокентиј III му понудил да го круниса за крал, но Роман го одбил предлогот, зашто не сакал да ја признае власта на папата. Кнезот Роман загинал во походот против Полјаците, на 19 јули 1205 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 64-65.