Романсата во шумата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Романсата во шумата
Корицата на едно од англиските изданија
АвторЕн Редклиф
Изворен насловThe Romance of the Forest
ЗемјаБританија
Јазиканглиски
ЖанрГотски роман

Романсата во шумата (англиски: The Romance of the Forest) е готски роман напишан од британската писателка госпоѓа Ен Редклиф, за првпат објавен во 1791 година. Романот комбинира нишки од мистерија и сомнеж со истражувањето на тензијата помеѓу хендоизмот и моралноста и претставуваше прва најпозната и најуспешна книга за госпоѓа Редклиф, објавувана во четири едиции во првите три години. Беше пофалена од поетот Колериџ. Првото издание беше објавено анонимно во првата едиција.

Романот е сместен во римокатоличка Европа со диви страсти и кулни пејзажи. Ла Моте и неговата жена, бегајќи од неговите долгови во Париз, се заробени од бандити во една шума, ама сепак се поштедени, но за возврат треба да заштитуваат една убава девојка, Аделајн. Таа била затворена од нејзиниот татко, откако одбила да се придружи на калуѓерките, но бандитите што биле испратени да ја убијат се предомислиле во нивната задача. Новото семејство наоѓа прибрежиште во уништена опатија, каде што Аделајн наидува на мистерија. Кога сопственикот на опатијата, Маркизот, се враќа, заплетот се испреплетува во типичен готски стил, со тоа што Маркизот паѓа на убавината на Аделајн.

Во меѓувреме, Аделајн среќава шармантен млад маж, Теодор, и двајцата се вљубуваат еден во друг. Оваа опозиција, заедно со изненадувачките преврти во заплетот, во главно ја прават структурата на романот. Иако критичарите ова го сметаа за најдобро дело на госпоѓа Редклиф, сепак не е сместено во иста лига со Италијанецот и Мистериите на Удлофо; меѓутоа, Романсата во шумата беше многу, многу популарна во нејзино време и останува во печат дури и стотоци години подоцна. Предмет е на многу критички дискусии, претежно поради нагласување на феминизмот и влијанието на госпоѓа Редклиф врз понатамошните готски романи.