Прејди на содржината

Романо Шмид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Романо Шмид
Лични податоци
Полно име Романо Кристијан Шмид[1]
Роден на 27 јануари 2000(2000-01-27)(24 г.)
Роден во Грац, Австрија
Држава Австрија Австрија
Висина &100000000000000016799991,68 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вердер Бремен Вердер Бремен
Број 20
Младинска кариера
Штурм Грац Штурм Грац
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Штурм Грац Штурм Грац 3 (1)
2017-2019 Салцбург Салцбург 1 (0)
2017-2018Лиферинг Лиферинг 30 (9)
2019- Вердер Бремен Вердер Бремен 115 (8)
2019-2020Волфсбергер Волфсбергер 37 (3)
Репрезентација
2014-2015 Австрија Австрија 15 6 (1)
2015 Австрија Австрија 16 4 (1)
2016-2017 Австрија Австрија 17 17 (8)
2017 Австрија Австрија 18 1 (0)
2017-2019 Австрија Австрија 19 11 (4)
2019- Австрија Австрија 21 5 (0)
2022- Австрија Австрија 14 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 јули 2016
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 јули 2016

Романо Кристијан Шмид (роден на 27 јануари 2000 во Грац) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на австриската репрезентација.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Израснат во фудбалската школа на Штурм Грац, тој го направи своето деби за првиот тим на 28 мај 2017, во првенствениот натпреварот загубен со 1-0 од Волфсбергер.[4] На почетокот на следната сезона, на 27 јули 2017, тој го направил своето деби во европските натпреварувања заменувајќи го Санди Ловриќ во последните 15 минути од натпреварот загубен на домашен терен со 1-2 од Фенербахче во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Три дена подоцна, го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата со 2-3 на гостувањето против Австрија Виена.[5] со што станал првиот играч роден во 2000-тите што постигнал гол во највисоката австриска фудбалска лига.[6]

На 19 август 2017, тој бил купен од Ред Бул Салцбург, со кого потпишал тригодишен договор.[7] Играјќи главно за резервниот тим, Лиферинг, на 3 јануари 2019 бил продаден на Вердер Бремен,[8][9] кој веднаш го позајмил на Волфсберг.[10]; откако одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол, на 21 јуни позајмицата бил потврдена за уште една сезона.[11]

На 31 јули 2020 година, го завршил своето искуство во Волфсберг и се вратил во Вердер Бремен. Дебитирал за Вердер на 6 декември 2020, во поразот на домашен терен од Штутгарт (1-2) во Бундеслигата. Во првата сезона за Вердер одиграл вкупно 25 натпревари комбинирано во првенството и купот, но истата завршила со испаѓање на клубот од врвната дивизија во Германија за првпат после 41 година. Следната сезона, во Втората Бундеслига добил повеќе простор за игра, а на 3 декември 2021 година го пронашол својот прв гол во дресот на Вердер во победата со 4-0 над Ерцгебирге Ауе. После само една сезона отсуство, Вердер се вратил во Првата Бундеслига, освојувајќи го второто место кое им донело директна промоција за која Шмид придонел со 33 настапи и 3 гола.

На 20 мај 2023, Шмид го постигнал својот прв гол во Бундеслигата, во домашниот натпревар против Келн кој завршил без победник 1-1.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Откако ги минал сите австриски млади репрезентации од под 15 до под 21 година, на 22 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во поразот со 2-0 од Франција во Лигата на нации.[12]

Во јуни 2024, бил избран од селекторот Ралф Рагник во составот од 26 играчи на Австрија за Европското првенство 2024. На 25 јуни, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 3–2 над Холандија за време на последниот натпревар од групната фаза на турнирот, помагајќи ѝ на својата земја да го обезбеди првото место во групата.[13]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Австрија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
22-9-2022 Сен Дени Франција Франција 2 – 0 Австрија Австрија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 69'
25-9-2022 Виена Австрија Австрија 1 – 3 Хрватска Хрватска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 82'
20-11-2022 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 81'
27-3-2023 Линц Австрија Австрија 2 – 1 Естонија Естонија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 90'
16-10-2023 Баку Азербејџан Азербејџан 0 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 - заменет 46'
16-11-2023 Талин Естонија Естонија 0 – 2 Австрија Австрија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 63'
21-11-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Германија Германија Пријателска - влегол во игра 81'
23-3-2024 Братислава Словачка Словачка 0 – 2 Австрија Австрија Пријателска - влегол во игра 70'
26-3-2024 Виена Австрија Австрија 6 – 1 Турција Турција Пријателска - заменет 81'
4-6-2024 Виена Австрија Австрија 2 – 1 Србија Србија Пријателска - заменет 62'
8-6-2024 Санкт Гален Швајцарија Швајцарија 1 – 1 Австрија Австрија Пријателска -
17-6-2024 Диселдорф Австрија Австрија 0 – 1 Франција Франција Евро 2024 - Прва фаза - влегол во игра 90+1'
21-6-2024 Берлин Полска Полска 1 – 3 Австрија Австрија Евро 2024 - Прва фаза - влегол во игра 81'
25-6-2024 Берлин Холандија Холандија 2 – 3 Австрија Австрија Евро 2024 - Прва фаза 1 заменет 90+2'
Вкупно Настапи 14 Голови 1

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 26 јуни 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
мај. 2017 Австрија Штурм Грац БЛ 1 0 КА - - - - - - - - 1 0
јул.-авг. 2017 БЛ 2 1 КА 1 0 ЛЕ 2[14] 0 - - - 5 1
Вкупно Штурм Грац 3 1 1 0 2 0 - - 6 1
авг. 2017-2018 Австрија Лиферинг ЕЛ 24 8 - - - - - - - - - 24 8
2018-јан. 2019 ЕЛ 6 1 - - - - - - - - - 6 1
Вкупно Лиферинг 30 9 - - - - - - 30 9
мај 2018 Австрија Салцбург БЛ 1 0 КА - - ЛШ+ЛЕ - - - - - 1 0
фев.-јан. 2019 Австрија Волфсбергер БЛ 12 1 КА - - - - - - - - 12 1
2019-2020 БЛ 25 2 КА 2 1 ЛЕ 6 0 - - - 33 3
Вкупно Волфсбергер 37 3 2 1 6 0 - - 45 4
2020-2021 Германија Вердер Бремен БЛ 22 1 КГ 3 0 - - - - - - 25 1
2021-2022 33 3 КГ 1 0 - - - - - - 34 3
2022-2023 БЛ 27 1 КГ 2 1 - - - - - - 29 2
2023-2024 БЛ 33 4 КГ 1 0 - - - - - - 34 3
Вкупно Вердер Бремен 115 9 7 1 0 0 - - 122 10
Вкупно кариера 186 22 10 2 8 0 - - 204 24

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 25 јуни 2024
Репрезентација Година Настапи Голови
Австрија Австрија 2022 3 0
2023 4 0
2024 7 1
Вкупно 14 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Romano Schmid“. Austrian Football Association (германски). Посетено на 3 January 2019.
  2. „Romano Schmid | Spielerprofil ⚽️“. SV Werder Bremen (германски). Посетено на 26 February 2021.
  3. „R. Schmid“. Soccerway. Посетено на 24 December 2020.
  4. Wolfsberger-Sturm Graz 1-0 transfermarkt.it
  5. Austria Vienna-Sturm Graz 2-3 transfermarkt.it
  6. Sturm Graz: Romano Schmid stellt Bundesliga-Rekord auf spox.com
  7. Romano Schmid joins the Red Bulls redbullsalzburg.at
  8. Romano Schmid leaves for SV Werder Bremen redbullsalzburg.at
  9. WERDER BREMEN SIGN ROMANO SCHMID Архивирано на {{{2}}}. werder.de
  10. ROMANO SCHMID UNTERSCHREIBT rzpelletswac.at
  11. ROMANO SCHMID EXTENDS LOAN AT WOLFSBERGER AC Архивирано на {{{2}}}. werder.de
  12. „Schmid mit Debüt für Österreich“ (германски). Посетено на 2022-09-23.
  13. Ames, Nick (25 June 2024). „Austria top group with Netherlands in third after Sabitzer strike settles thriller“. The Guardian.
  14. Во квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]