Романдија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јазични подрачја во Швајцарија – сооднос на мнозинското население согласно статистичко испитување спроведено во 2010 година. Управната поделба на картата е согласно 1 јануари 2021 година.
  германски
(65,6% од населението; 73,3% од Швајцарците)
  француски
(22,8% од населението; 23,4% од Швајцарците)
  италијански
(8,4% од населението; 6,1% од Швајцарците)
  реторомански
(0,6% од населението; 0,7% од Швајцарците)

Романдија (француски: Suisse romande[1]), се среќава и како Француска Швајцарија, Францускојазична Швајцарија, Франкофонска Швајцарија или Западна Швајцарија — поим со којшто се опишуваат подрачјата на Швајцарија каде што се зборува францускиот јазик.[2]

Романдија се состои од кантоните Женева, Јура, Нешател и Во со француски како службен јазик, како и франкофонските делови на двојазичните кантони Берн (Бил и Бернска Јура), Фрибур и Вале. И покрај тоа што населението од 2 милиони жители во Романдија претставува околу една четвртина од вкупното население на земјата, Женева е втор најголем град веднаш по Цирих и пред Базел, а Лозана е петти најголем град веднаш по Базел.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Christophe Büchi: Nur ein bisschen Brüder. Der Begriff Romandie. In: NZZ, 19. August 2016.
  2. Démographie: suisse romande Le cap des deux millions. L’Hebdo. 14 mai 2017. (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]