Ролс-Ројс 20 hp
Производител | Ролс-Ројс |
---|---|
Период | 1922-1929 2940 made |
Наследник | Ролс-Ројс 20/25 |
Мотор | 3127 m³ |
Пренос | 3 или 4-брзински мануелен |
Меѓуос. раст. | 3.27 m |
Должина | 4.52 m |
Дизајнер | Сер Хенри Ројс |
Ролс Ројс 20 H.P. (англ. Rolls-Royce 20 HP), произведуван 1922 - 1929, бил „мал автомобил“ од Ролс Ројс во 1920-тите кој се произведувал заедно со 40/50 Сребрено Сениште и Фантом. Бил направен за самовозни сопственици, но можело да го вози и шофер.
За автомобилот бил конструиран нов 6-цилиндричен мотор со 3127 cm³ со цилиндричен пречник 76 mm клип од 114 mm. За разлика од моторот на Сребрено Сениште, цилиндрите биле излеани во еден блок и главата можела да се извади. Палењето било рачно и електрично. Раните автомоили имале 3 брзини со менувач во средината на автомобилот, но ова се променило во 1925 на 4 брзински менувач од традиционалната десна страна. Погонот бил на задните тркала со цевка.
Гломазната шасија има крута предна и задна оска со полуелиптични амортизери, а кочењето најпрвин било само на задните тркала. Во 1925 биле ставени четири кочници со механичко серво. Бил поставен славниот ладилник со триаголен врв и раните примероци имале емајлирани хоризонтални, наместо никлувани вертикални решетки.
Во 1920 шасијата чинела £1100, додека типична цена сосе каросерија била £1600. Со каросерија препорачана од фабриката, автомобилот развивал 97 км/ч, но многу сопственици ставиле голема лимузинска каросерија со неизбежен ефект врз перформансите.
Хронологија на автомобилите на Ролс-Ројс
| ||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1900ти | 1910ти | 1920ти | 1930ти | 1940ти | 1950ти | 1960ти | 1970ти | 1980ти | 1990ти | 2000ти | ||||||||||||||||
Независност | Vickers | Volkswagen | BMW | |||||||||||||||||||||||
Стандардни | 10 hp 15 hp |
V-8 20 hp |
Twenty | 20/25 | 25/30 Wraith |
II С в. в о ј н а |
Silver Dawn | Silver Cloud | Silver Shadow/Silver Wraith II | Silver Spirit/Spur/Dawn | Ghost | |||||||||||||||
Врвни | 30 hp | 40/50 hp (Silver Ghost) | Phantom I/II/III | Silver Wraith | Camargue | Silver Seraph | Phantom | |||||||||||||||||||
Phantom IV/V/VI | ||||||||||||||||||||||||||
Кабриолети | Corniche/II/III/IV | Corniche V | Phantom Drophead | |||||||||||||||||||||||
Купе | Phantom Coupé |