Прејди на содржината

Роксанда Ивановска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Роксанда Гумешева Ивановска (9 септември 1893 во Крушево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Со одпочнување на вооруженото востание се вклучила активно и организирано во НОД во Скопје. Својот стан го ставила на располагање на партиската организација. Чувала илегалци, познати партиски раководители, и се грижела околу исхраната и сместувањето нa илегалците. Приготвувала храна и ја носела на политичките затвореници во скопскиот затвор. Активно учествувала во сите собирни акции што ги спроведувала организацијата во Скопје. Помагала вo префрлување на илегалци од едно на друго место.[1]

  1. 1 2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1068.