Розенколис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Розенколис
Agapornis roseicollis -Namibia-8.jpg
Розенколис во Намибија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Семејство: Вистински папагали
Род: Неразделка
Вид: Розенколис
Биномен назив
Agapornis roseicollis
(Vieillot, 1818)
Автохтона распространетост во пустината Намиб и сушните краишта во Намибија и Ангола

Розенколис или розоволика неразделка (науч. Agapornis roseicollis) — вид неразделка од сушните краишта на југозападна Африка како што е пустината Намиб. Оваа птица е мошне друштвено животно кое постојано цвркоти и често се собира во мали јата. Јадат во текот на целиот ден и често се капат. Бојата значајно им се разликува, зависно од местото кајшто живеат. Мажјаците и женките имаат наполно исто перје. Неразделките се познати по положбата која ја заземаат кога спијат, седејќи една до друга, свртени една кон друга со лицето. Женките расцепуваат разни материјали во долги ленти и си ги прикачуваат на грбот, па летаат долги растојанија за да се гнездат. Често се застапени како миленици, иако најчесто не се одледуваат од човечка рака.

Примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Розенколисот е првпат опишан од францускиот орнитолог Луј Жан Пјер Вјејо во 1818 г. Првично го носел името Psittacus roseicollis, но подоцна е преместен во родот неразделка (Agapornis) заедно со другите видови од овој род.

Разликуваме два подвида розенколиси:[3]

  • Agapornis roseicollis, (Vieillot, 1818)

Опис[уреди | уреди извор]

Пиле

Розенколисот е прилично мала птица, долга 17–18 см, со просечен распон на крилјата од 106 мм и висока е 44–52 мм кога е исправена.[5] Во дивината, единките се претежно зелени, со син задник. Лицето и грлото се розови, со потемна нијанса на челото и над очите. Клунот има боја на рог, the шареницата им е кафеава, а нозете и стапалата им се сиви. Розовата боја на A. r. roseicollis е посветла нијанса од онаа на A. r. catumbella.[4] Младите имаат светлорозово лице и врат, зеленикава натчелница и теме, а клунот има кафеава основа.[4]

Распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Оваа птица живее во сушни и отворени предели на југозападот на Африка. Ареалотот ѝ се протега од југозападна Ангола, низ најголемиот дел од Намибија, па до долното течение на реката Орање во северозападна ЈАР. Живее на надморска височина до 1.600 м во широколисни кории, полупустински и планински подрачја. Опстанокот ѝ зависи од присуството на поило, каде се собира во поголеми броеви.

Розенколисот се среќава во многу делови од светот како подивен, потекнат од избегани единки. Особен случај е градот Финикс во Аризона, САД, каде живее и во градски и во рурални услови. Некои живеат на кактуси, додека пак други, во поголеми групи навраќаат во птичарници за приграна направени од човекот.[6]

Статус и заштита[уреди | уреди извор]

На некои места, бројноста на розенколисот е намалена поради заловувањето за продажба како миленици. На други места пак, оваа птица одлично успева поради заезерувања и изградбата на птичарници наменети за гнездење. Поради ова, Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN) го смета за вид за кој постои „најмала загриженост“ (LCf).[1]

Поведение во дивина[уреди | уреди извор]

Розенколиси на гранка во Намибија

Исхрана[уреди | уреди извор]

Розенколисот претежно се храни со семки и бобинки. Кога некаде ќе наидат на изобилство од храна, се собираат во групи од стотици единки. На некои места важат за полјоделски штетници бидејќи прават наезда на посевите просо.

Размножување[уреди | уреди извор]

Јајца на розенколис

Најголема разлика помеѓу мажјаците и женките е ширината на карличните коски, која кај машките единки изнесува 1–3 мм, а кај женките 6–8 мм.[7] Гнездото го прават во пукнатини на карпи или во оддел на големите заеднички гнезда што ги гради друштвениот ткајач (Philetairus socius). Се гнездад и на покриви. Женката несе 4-6 јајца помеѓу февруари и април. По боја се бели, а големи се 23,5 на 17,3 мм. Квачењето трае 23 дена. Новородените пилиња се оспособуваат за лет 43 дена откако ќе се родат.[5]

Одгледување[уреди | уреди извор]

Двојка во птичарник

Розенколисот е еден од почестите папагали што се чуваат како миленици поради скромната големина и едноставното размножување. Се чуваат поединечно или во двојки, иако често се агресивни и се врзуваат за еден поединец (било птица или човек) и немаат добри односи со други луѓе или миленици. Во извесни случаи, два розенколиса може да не се слагаат, при што се јавува агресија и мора да се одделат.

Единка со лутинско перје со пилиња и јајца

Мутации[уреди | уреди извор]

Оваа птица има најширок опсег на бојни мутации од сите видови неразделки. Општо земено, мутациите можат да бидат доминенатни, кодоминантни, рецесивни и X-сврзано рецесивни. Една единка може да содржи повеќе вакви мутациски одлики наеднаш.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Agapornis roseicollis. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 26 November 2013.  (англиски)
  2. „Птици“. Зоо Скопје. конс. 5 јуни 2015. 
  3. „Zoological Nomenclature Resource: Psittaciformes (Version 9.004)“. www.zoonomen.net. 2008-07-05. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Forshaw (2006). plate 45.
  5. 5,0 5,1 McLachlan G. R. & Liversidge, R. (1981) Roberts Birds of South Africa, John Voelcker Bird Book Fund, Cape Town. ISBN 0-620-03118-2
  6. Clark, Greg. „Peach-faced Lovebird Range Expansion Data in Greater Phoenix, Arizona Area“. конс. 2011-02-27. 
  7. „Peach Faced Lovebird info“. infoparrot.com. конс. 30 June 2010. 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]