Роза Топузова Каревска
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Роза Топузова Каревска (родена на 26 јули 1954 во Прилеп) — поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на Либерално-демократската партија од 1994 година. Дипломирала на археологија и историја на уметност и е магистер на археологија. Работела во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Во периодот 2002-2006 е пратеник во Собранието, а од 2003-2007 и прв Генерален Секретар на ЛДП. На парламентарните избори во 2006 го добива вториот пратенички мандат (во првата изборна единица). Прогласена е за најревносен и најактивен пратеник во овој состав на Собранието.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пратеничката Роза Топузова- Каревска најревносен пратеник“. Утрински Весник. 27 февруари 2007. Посетено на 20 август 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |