Родопи

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Родопските Планини)
Стара Планина
Родопи или Родопска Планина
Вештачкото езеро В’ча на Родопите
Највисока точка
Надм. вис.2.191 м
Истакнатост785 м
Друго имеРодопи или Родопска Планина
Географија
Стара Планина на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецРилско-родопски Масив

Родопитe (бугарски: Родопи, грчки: Ροδόπη) — планински венец во јужниот дел на Бугарија и е дел од Рилско-родопскиот Масив. Планините се наоѓаат меѓу Горнотракиската Низина на север и Беломорската Низина на југ. Поголемиот дел од планината се наоѓа на територијата на Бугарија, а помал во Грција. Планината има површината од 14.737 км2 со просечна надморска височина од 785 м.[1] Геоморфолошки планината се дели на два дела - Западни и Источни Родопи. Западниот дел е повисок, со типично планински релјеф, додека Источните Родопи се ридови и релативно ниски. Највисокиот врв во Родопите е Голем Перелик со 2.191 м надморска висина и тој се наоѓа во Западните Родопи на 19 км западно од градот Смољан.

Галериjа[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Румен Пенин. Природна география на България. Булвест 2000, С. 2007

Надворешни врски[уреди | уреди извор]