Роденденска торта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роденденска торта
Schokoladentorte Buttercreme Tulpen dritter Geburtstag 001.JPG
Чоколадна роденденска торта
ВидТорта
Дел од оброкотДесерт

Роденденска торта е било кој вид на торта што се служи за време на прославата на роденденот во западно европските земји, уште од 19 век.[1] Традицијата на пеење родендеска песна и сечење на родендеска торта е дел од европската култура. Поставувањето на запалени свеќички на тортата се појавува во Германија во 18 век. Во светот постојат различни водови на роденденски торти, и не постои еден вид торта или правило за тоа каква торта може да се нарече роденденска.

Историја[уреди | уреди извор]

Декорирана роденденска торта

Се смета дека во Стар Рим и Стара Грција за роденден се служеле 'торти' направени од брашно, јатки и мед, како и за свадба. Во Европа, зборовите „колач“ и „леб“ се преклопувале, и единствената разлика меѓу нив била што колачот треба да е благ, а лебот не. Во 15 век во Германија, пекарите продавале некој вид на колач наменет за роденденска прослава, и ова се смета за почеток на роденденските торти какви што ги знаеме денес.[2] Тортите кои се правеле во текот на 17 век, содржеле декорација, по што потсетуваат на денешните роденденски торти.

Денес вообичаено е пред славеникот да се изнесе торта или колач со запалени свеќички. Славеникот ги дува свеќите, а присутните му пеат роденденска песна. Најчесто се пее песната „Среќен роденден“ во земјите од англиското говорно подрачје, или нејзин превод на јазикот на земјата каде се слави, или пак некоја соодветна песна. Факт е дека изразот „Среќен роденден“ (Happy Birthday) се појавил напишан декоративно на тортите дури откако роденденската песна („Happy Birthday to You“) била популаризирана на почетокот на 20 век.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]