Рогач
Рогач | |
---|---|
Рогач како декоративно дрво во Фаро, Сицилија. | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Magnoliopsida |
Нерангирано: | Eudicots |
Нерангирано: | Rosids |
Ред: | Fabales |
Семејство: | Fabaceae |
Потсемејство: | Caesalpinioideae |
Род: | Ceratonia |
Вид: | C. siliqua |
Биномен назив | |
Ceratonia siliqua L. |
Рогач (Ceratonia siliqua) е цветна грмушка или зимзелено дрво кое што припаѓа на семјеството Бобови (Fabaceae), се одгледува за неговите плодови и како украсно дрво во градините. Поднесува температури во текот на зимскиот период до -6 °C. Исто така е познат по името „Лебот на свети Јован", според предавањето, св. Јован Крстител се хранел од него додека живеел во пустина.
Дрвото потекнува од Средоземното Море, вклучувајќи ги и Јужна Европа, Северна Африка, поголемите средоземните острови, Западна Азија, Канарските Острови и Макаронезија.
Потекло на поимот[уреди | уреди извор]
Ceratonia Siliqua, научното име на дрвото рогач, потекнува од грчкиот збор „Keras"- „Kέρας" (рог) и латинскиот збор „Siliqua" (мешунка). Терминот "карат" единица за маса на скапоцени камења, исто така потекнува од старогрчкиот збор κεράτιον, осврнувајќи се на древната пракса од Блискиот Исток, златото и скапоцените камења да се мерат со семките на рогачот кои имаат униформна маса (0,2g). Денес каратот е стандардизиран и изнесува токму 0,2g. Рогачот се јадел во Древен Египет, тој често се користел како засладувач. Бил користен во хиероглифите за зборот „Слатко“ (nedjem).
Употреба[уреди | уреди извор]
Рогач се користи со векови како важен извор на храна за човекот и за исхрана на добитокот. А многу добра опција е дека плодовите се во можност да опстанат на дрво со години, иако суви, но сепак употребливи. Се користел како засладувач, сè до појавата на вештачки засладувачи. Исто така се користи како замена за какао.
Галерија[уреди | уреди извор]
Извор[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|